Љубов и Секс

Ова е најдоброто време од денот за интимни односи…

Ова е најдоброто време од денот за интимни односи…

Најдоброто време за да бидете интимни со вашиот партнер зависи од возраста, според експертите за спиење и тело.

Наместо да биде спонтан чин, постојат одредени периоди од денот кога либидото е повисоко во зависност од тоа дали некој е во дваесеттите, педесеттите или седумдесеттите, според д-р Пол Кели.

Д-р Кели, клинички истражувач на Институтот за спиење и циркадијална неврологија на Универзитетот во Оксфорд, вели, дека биолошкиот часовник се менува на секои десет години, според истражувањето што тој првично го спровел за „Дејли меил“.

„Вашиот биолошки часовник се менува со годините, кога чувствувате дека треба да се разбудите. Тој всушност го контролира секој систем во телото и секоја од билион клетките во вашето тело“, изјавил д-р Кели за британскиот „Телеграф“.

Кога е оптималното време за сексуални активности за секоја старосна група?

Дваесетти – 15:00 часот
Д-р Кели го свел врвот на либидото за оваа возрасна група на три часот попладне. Иако можеби посакуваат интимни односи во секое време од денот, во овој период постои максимум на сексуална енергија за луѓето во дваесеттите години.

Триесетти – 08:20 часот
Промената на биолошкиот час на оваа возраст значи дека се будите порано, па затоа е добро да имате интимни односи порано. Д-р Кели ги одредил магичните минути околу 8:20 часот, кога сончевата светлина го зголемува нивото на тестостерон кај мажите и жените.

Четириесетти – 22:20 часот
Повторно ќе се чувствувате побудни колку што стареете, па затоа е потребно да си легнете порано. Д-р Кели препорачува некое време после 22 часот непосредно пред спиење.

извор:точка.ком.мк