Радио Милева
директен пласман

Андријана Петрушовска со „Зајди зајди“ доминираше во „Ѕвездите на Гранд“: Изведба за ежење и восхит – „Ти си наша гордост“ (видео)

Андријана Петрушовска со „Зајди зајди“ доминираше во „Ѕвездите на Гранд“: Изведба за ежење и восхит – „Ти си наша гордост“ (видео)

Најновото издание од шестиот круг на регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ беше вистинско музичко доживување за гледачите.

Како се стеснува кругот од најдобрите учесници, така шоуто станува се’ поинтересно, подраматично и повозбудливо. Особено кога на сцената настапуваат македонски таленти, тогаш посебна гордост е кога жирито веднаш реагира со глас, а нималку заобиколени не се ниту ласкавите комплименти кои се голем поттик за учесниците.

Едно такво топење од убаво и стимул секогаш да биде на врвот на задачата и да избира што поголеми вокални предизвици, имаше скопјанката Андријана Петрушовска.

Во овој круг Андријана издоминира уште откако стапна на сцена со својот визуелнен печат и изборот на песната „Зајди зајди“, публиката од старт ја награди со охрабрувачки аплауз.

Облечена во црвена богата наметка и златно венче на главата во вид на круна, убавата Андријана блесна на сцената како никогаш досега.

По првиот отпеан стих, жирито не додржа, а да не стисне на тастер за глас, а први беа Вики Миљковиќ, Марија Шерифовиќ и Цеца Ражнатовиќ, а по нив не ги поштедија дланките, а богами ниту пофалбите и останатите членови на жирито.

Со изведбата на „Зајди зајди“ никој не остана рамнодушен, а исто и за втората песна, „Робинка“ од Брена кога нашата талентирана Македонка ја симна наметката и во склад со музичкиот избор беше компактана на сцената, возбудлива и впечатлива.

Коментарите на жирито беа крајот кој го красеше делото, односно дека Андријана едноставно беше комплетен пакет без мана.

Мили како нејзин ментор додаде дека Петрушовска оди само напред и прави срцето да му биде полно.

Истото и го порачаа и следбениците на социјалните мрежи кои нагласија многупати дека е наша гордост – македонска.

Според се’ она што се случуваше, следно ја гледаме Андријана во седмиот круг кога очекуваме нова комплетна доминација од кога повторно ќе не направи горди што имаме вака талентирана убавица која никого не остава рамнодушен.

Настапот на Андријана можете да го погледнете на 1:16мин

фото:Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska/ Zvezde Granda

Останати вести од Радио Милева