Љубов и Секс

„На оваа возраст жените најмногу уживаат во интимните oдноси“: Време е за џекпот во кревет!

„На оваа возраст жените најмногу уживаат во интимните oдноси“: Време е за џекпот во кревет!

Истражувачите во Тексас провериле колку сексуалната желба е поврзана со годините.

Биолошкиот часовник и неговото отчукување влијае на желбата за секс.

 

Во триесеттите жените често можат да го слушнат тој часовник. Токму тој ги тера жените да „ги искористат останатите години за раѓање“ и така во одреден дел од животот им се зголемува либидото.

 

Во истражување објавено во магазинот „Personality and Individual Differences“ учествувале 827 жени кои биле поделени во три групи: висока плодност во доба од 18 до 26 години, ниска плодност во доба од 27 до 45 години и менопауза од 46 па натаму.

 

Врз основа на одговорите од учесниците во интернет анкетата, истражувачите откриле дека жените од 27 до 45 години (оние во категорија ниска плодност) поседуваат „зголемен сексуален нагон како одговор на намалување на плодноста, но и „чести сексуални фантазии, активен сексуален живот и подготвеност за повремен секс“.

Извор: Попара