Љубов и Секс

Кое време од денот е најдобро за секс?

Кое време од денот е најдобро за секс?

Тешко е да се каже кога е најдоброто време од денот за водење љубов, тоа е многу индивидуална работа, но има некои предности да се препуштите на страстите наутро, напладне или навечер.

Со попладневниот секс, ќе успеете да се разбудите доволно за да уживате, а уште не сте уморни од целодневните обврски. Сепак, вечерта им е омилена на многумина затоа што заспиваат фино преплавени од хормоните на среќа.

Придобивки од утринскиот секс

Се вели дека придобивки има многу – од замена за лесна утринска вежба за организмот до започнување на денот со хормони на среќа и добро расположение. И кога утрото започнува добро, обично е таков цел ден.

„Нивото на тестостерон е природно највисоко наутро, поради што мажите имаат утринска ерекција. За оние кои рано се будат, сексот е одличен начин да се започне денот“, вели секс-терапевтката Теми Нелсон.

Утринскиот секс може да биде уште попријатен бидејќи телото е опуштено после добар сон, иако тоа не е случај со сите луѓе, смета секс-тренерот Џиџи Енгл.

Таа истакнува дека утринското уживање во страстите има и негативни страни.

„Веднаш по будењето, вашето тело е сè уште во мирување, па чувството на задоволство не е како кога сте целосно будни. Вашите нервни завршетоци сè уште спијат“, објасни таа.

„Многу луѓе сакаат да станат, да се истушираат и да ги мијат забите пред секс. За други, утринскиот секс би предизвикал уште поголем замор и помало чувство на живост“, вели Нелсон.

Од друга страна, уживањето во страсни прегратки навечер е убава мисла за многумина, но тие немаат доволно енергија за тоа после напорниот ден. И тука доаѓаме до попладневниот секс, што е точно на средина. Со попладневниот секс, ќе успеете да се разбудите доволно за да уживате, а уште не сте уморни од целодневните обврски.

Што е со сексот навечер?

„Оргазмите се билет во еден правец кон сладок сон. После неверојатен секс и оргазам, вашиот мозок ослободува коктел од хормони кои прават да се чувствувате добро, како серотонин и окситоцин“, вели Енгл.

Окситоцинот ја зајакнува љубовта и врската помеѓу партнерите, а ослободувањето на овој хормон пред спиење создава позитивни чувства кон партнерот со кои влегувате во светот на соништата.

Исто така, додавањето на вечерен секс во вашата рутина може да биде нешто кое со задоволство ќе го очекувате цел ден, нешто убаво и возбудливо на крајот на напорниот ден, пишува Mindbodygreen.com.