Љубов и Секс

Oва е аларм дека ви недостига секс во животот

Oва е аларм дека ви недостига секс во животот

Како што покажале истражувањата, просечниот брачен пар водел љубов еднаш неделно, доколку воопшто биле интимни. Сепак, сè поголема станува таа бројка.

Секоја петта личност која била во брак или врска, немала односи, а сè повеќе луѓе во своите бракови функционирале како цимери.

Како што покажале истражувањата, просечниот брачен пар водел љубов еднаш неделно, доколку воопшто биле интимни. Сепак, сè поголема станува таа бројка.

Секоја петта личност која била во брак или врска, немала односи, а сè повеќе луѓе во своите бракови функционирале како цимери.

Без разлика дали сте во сериозна врска или имате само „комбинации“, овие 13 знаци се индикатори дека ви недостасува секс и дека поради тоа сте несреќни и незадоволни, пишувале „Essence“.

Ова се знаци дека сепак нешто би можеле да промените во животот:

Незаинтересирани сте за секс
Ако сте во врска и сфаќате дека премногу често избегнувате да сте интимни, запрашајте се зошто се случува тоа. Љубовта што ја чувствувате би требало да биде доволна за да ви ја разбуди сексуалната желба, доколку сте среќни од односот со партнерот.

Интимната регија
На депилација на интимната регија помислувате само пред море? Тоа е и еден од знаците дека го имате занемарено вашиот сексуален живот.

Тажни сте
Ендорфините, кои го релаксираат мозокот се одговорни за доброто чувство. Постојат неколку нешта кои можете да ги направите за да се чувствувате подобро и да го подигнете нивото на ендорфин. Еден од нив е и сексот, кој освен што го подобрува расположението, има и некои здравствени придобивки.

Се расправате
Докажано е дека недостатокот на интимност, ги претвора мажите и жените во вистински иритантни кавгаџии. Ако сте забележале дека често започнувате какви и расправии, запрашајте се кога последен пат сте уживале во физичките страсти.

Недостаток на самодоверба
Некои истражувања покажуваат дека добриот секс помага во самодовербата. Ако се чувствувате како да немате доволно самодоверба дома и на работа, обидете се да бидете поактивни во вашиот кревет.

Секс со бившиот
Дали копнеете по поранешниот партнер и ги преживувате страстните моменти во вашиот ум? И тоа е знак дека ви недостасува секс, но обидете се да најдете алтернативен начин за задоволство.

Бес
Дали вашиот партнер ве нервира дури и додека дишете? Велат дека тенка е линијата помеѓу љубовта и омразата, но насочете ја таа енергија во решавање на проблемите и одведете го вашиот партнер во спалната соба.

Притисок од обврските
Доколку обврските ве притискаат така што не ни знаете кој ден во годината е, најдобро би било да се релаксирате, а водењето љубов е одличен начин за тоа.

Нервоза во сообраќајот
Доколку често свирите и пцуете кога ќе седнете зад воланот, тоа не е поврзано само со метежот и карактерот, туку како што велат научниците, со недостатокот на секс.

Не сте свои
Ако постојано чувствувате дека нешто не е баш како што треба, а вашето здравје е во ред – веројатно потребен ви е секс.

Темпирана бомба
Доколку сакате „да му плеснете“ сè во лице на партнерот, како да сте темпирана бомба, обидете се да бидете конструктивни. И после тоа обидете да се поврзете со партнерот, се разбира, физички.

Нешто ви недостига
До неодамна во вашата врска бевте како „на облаци“, а сега сте западнати во рутина. Рутината ја убива страста, затоа преземете нешто како би ја негувале.

Многу размислувате за секс
Ако сексуалните фантазии се честа појава во текот на вашиот ден, најдобро би било да престанете со имагинациите и да ги претворите вашите соништа во реалност.

извор:точка.ком.мк