Љубов и Секс

Неколку начини како страстите да траат подолго во кревет

Неколку начини како страстите да траат подолго во кревет

Времето кое го поминувате во „акција“ е одлично, но понекогаш се чувствувате како да е прекратко? Еве како да го решите тој „проблем“.

Забавете

Немој да брзате. Не размислувајте за тоа што треба да направите подоцна, туку концентрирајте се на она што се случува во моментов. И не заборавајте да се фокусирате на една работа што многу парови ја занемаруваат – предиграта. И на мажите и на жените им треба малку време да ја „запалат“ желбата за секс, пред да преминат на „главното јадење“. Предиграта нека тече полека, нема да зажалите!

Воведете новитети

Веќе знаете – доколку сте со ист партнер долго време, сексот може да стане рутина. Измешајте го со неколку нови пози кои ќе внесат возбуда во кревет, ќе ве натераат навистина да се фокусирате на сексот и на крајот ќе резултира со секс кој ќе трае подолго.

Секси улоги

Друг начин малку да ја „размрдате“ вашата врска е да играте секси улоги. Ова ќе ви помогне да го забавите темпото и да обрнете внимание на она што го вклучува вашиот партнер. Попатно ќе научите нешто ново за вашите сексуални преференции, па – истражувајте, облечете секси костим, уживајте.

Паузирајте

Кога ќе почувствувате дека вие или вашиот партнер ви претстои оргазам, направете пауза. За ова, во моментот кога кулминацијата е близу, ќе ви треба волја, но трудот ќе се исплати. По кратка пауза земете длабок здив и преминете во „вториот круг“, т.е продолжете.

извор:popara.mk