Љубов и Секс

Мажите и жените согласни: Дефинитивно најлошата поза во сексот

Мажите и жените согласни: Дефинитивно најлошата поза во сексот

На тема сексуално задоволство се направени бројни анкети и истражувања, меѓу кои најзастапени се оние за најдобрите и најлошите пози во сексот. Верувале или не, претставниците на двата пола се согласија е „победник” во втората категорија.

Имено, многу истражувања покажале дека и на двата пола најмалку им се допаѓа позата 69. Станува збор за поза во која партнерите истовремено си пружаат орално задоволство, а критичарите ја опишуваат како многу комплицирана, тешка за изведување и не претерано пријатна. Навидум безначајните физички фактори, како што е разликата во висината на партнерите многу влијаат во овој „перформанс“. И двата пола се изјасниле дека не е едноставно да се фокусираат на пружање задоволство на партнерот, паралелно кога го добивате истото од другата страна.

И годините имаат удел околу мислењата на оваа тема, па така на помладите испитаници повеќе им се допаѓа, отколку на повозрасните генерации.

Дискусијата на оваа тема била застапена и на популарната платформа Редит, а мислењата на машките и женските корисници покажале дека и покрај возбудата, оваа поза не е воопшто популарна меѓу нив.

• „Немам конкретно мислење за позата, но да речеме дека ја сакам само со вистинскиот партнер. Таа може да е навистина добра, но не сите тела се компатибилни едни со други.“

• „Навистина не сум фан. Не е едноставно во исто време да дадеш и примиш задоволство.“

• „Моето искуство е дека секогаш едниот го извлекува „подебелиот крај“ и останува незадоволен во оваа поза. Која е тогаш нејзината цел? Оралниот секс во класична поза е многу подобар, тогаш барем знам дека мојот партнер е задоволен навистина.“

• „Ми пречи логистиката во позата 69. Едноставно не можам да се концентрирам додека партнерката ми пружа орален, а не сакам да изгледа како да одбивам да се потрудам околу нејзиното задоволство.“

• „Не ми е удобно во таа поза и толку. Не мислам непријатно поради моето тело, но самата положба на телото во таа поза некако ми е непријатна, особено затоа што партнерот е повисок од мене и секогаш морам да се истегнам некако непријатно. Фала, но благодарам не.“

извор:точка.ком.мк