Љубов и Секс

Купидонова стрела е верзија на мисионерската поза и ветува оргазам каков што можеби не сте доживеале

Купидонова стрела е верзија на мисионерската поза и ветува оргазам каков што можеби не сте доживеале

Сексуалната положба Купидонова стрела е комбинација на две сексуални пози. Тоа е прекрасна положба за дамите кои се борат со постигнување на оргазам затоа што можат да го приспособат темпото и интензитетот.

Експериментирањето со различни пози при сексот е неверојатен начин да ги разбудите страстите. Доколку сте љубители на мисионерската поза или положбата каубојка, можеби треба да ја пробате позата Купидонова стрела.

Сексуалната положба Купидонова стрела е комбинација од двете техники. Тоа го вклучува партнерот којшто лежи на грб, додека партнерката се наоѓа одгоре. Партнерот тогаш може да ги употреби рацете за малку „истражување“ доколку сака.

Наместо да седите како вообичаено, ставете ги своите нозе меѓу неговите и потпрете се на лактите.

„Оваа разиграна динамика е многу возбудлива, но она што особено ќе ви се допадне е дека така ќе се чувствувате неверојатно. Тоа е прекрасна положба за секс за дамите кои се борат со постигнување оргазам“, пишува „Cosmopolitan“.

Дамите можат да го приспособат темпото и интензитетот со своите лични преференции. Исто така можат да го поттикнат својот партнер на стимулација на клиторисот со рацете. Алтернативно, може да употребите и секс-играчки како на пример вибратор, пишува „Daily Star“.

извор:точка.ком.мк