Вистаграм

Беа прогласени за најубави близначки на светот во 2010 година, а погледнете како изгледаат денес

Беа прогласени за најубави близначки на светот во 2010 година, а погледнете како изгледаат денес

Ава Мари и Леа Роус станаа познати практично уште кога прооделе, а сè благодарение на фактот што набрзо по раѓањето во 2010 година биле прогласени за „најубави близначки на светот“.

Медиумите пишуваа за тоа како нивните симетрични лица изгледаат баш како од најгламурозните магазини, како косата им е неверојатно руса, кожата мека, природната убавина неопислива.

На сето тоа придонел и фактот што од најрано детство тие запловиле во водите на моделингот, а кариерата им ја водела нивната мајка Џаки Клементс, што е случај и денес.

Таа открила и дека од самото раѓање близначките непрекинато се соочувале со исти коментари од познаниците и луѓето кои се сретнувале:

„Луѓето постојано говореа – толку се убави, навистина треба да размислите да ги вклучите во моделингот“.

Таа се обидела со тоа кога девојчињата имале само шест месеци, меѓутоа поради тоа што имала и постар син ѝ било претешко да балансира меѓу мајчинството и ангажманите на своите близначки.

„Мојот прв обид беше краткотраен и одлучив дека не е вистински момент“, изјавила Џаки и додала дека почекала до седмиот роденден на девојчињата за да може да донесе одлука дали сака тие да се занимаваат со моделинг.

„Им кажав на ќерките дека доколку се подготвени можат покрај танцот и пливањето да се занимаваат со моделинг“, раскажала мајката.

Таа истакнала дека и Ава и Леа сакаат да настапуваат и да бидат во центар на внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ava + Leah (@clementstwins)

Тогаш им отворила и Инстаграм профил, а девојките денес имаат 12 години и над 1,8 милиони следбеници. Но, не се само тие кои добиваат комплименти, и нивната мајка предизвикала воодушевување, а фановите редовно порачуваат дека и таа треба да се занимава со моделинг, па дека е јасно од кој ја наследиле убавината.

Од друга страна таа често се соочува и со критики дека е лош родител којшто ги притиска своите деца да заработуваат и дека тие изгледаат тажно додека позираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ava + Leah (@clementstwins)

„Дали сте ги запознале моите ќерки? Очигледно не, штом давате такви коментари. Ја ценам вашата грижа, но моите девојчиња се добро. Тие се среќни, имаат неверојатно детство, полно со пријатели со кои постојано си играат. Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитет“, напишала оваа Американка.

Останати вести од Вистаграм