Вистаграм

Кога ќе се спојат винтиџ елементи и живописни детали во 67 квадрати

Кога ќе се спојат винтиџ елементи и живописни детали во 67 квадрати

Кога станува збор за уредување на ентериери наспроти неутралните и беж нијанси стојат ведрите и живописни бои и токму таков е следниот стан на којшто наидовме на Инстаграм.

Покрај боите, овој дом од 67 квадрати, го дефинираат и винтиџ детали, креативни лустери и интересни облици на мебел.

Станот се наоѓа во Берлин и е пример за удобност со доза на разиграност.

Уметнички слики, керамички украси, необични лампи се споени преку меки линии со земјени бои и вибрантни детали.

Сопственичката, блогерката Сабина редовно креира одлична содржина на својот Инстаграм профил на задоволство на фановите.

Во нејзиниот дом место наоѓаат и голем број на растенија коишто на некој начин го спојуваат ентериерот со екстериерот, односно малиот балкон.

Светлината ја има во изобилство што е од голема важност, а впечатливи се и романтичните столни лампи, клуб масичката со уникатен дизајн и меката фотелја којашто наликува на teddy капут.

Извор: Точка

Останати вести од Вистаграм