Вистаграм

Принудени се поради однесувањето на туристите: Омилениот остров воведува ново правило кое ќе ве чини

Принудени се поради однесувањето на туристите: Омилениот остров воведува ново правило кое ќе ве чини

Почнувајќи од следната година, туристите кои го посетуваат Бали ќе треба да плаќаат влезна такса од 10 американски долари по лице.

Како што навеле туристичките власти, собраните средства првенствено ќе бидат искористени за поддршка на програми насочени кон зачувување на животната средина и културата на островот.

Од 1 јануари 2024 година, посетителите кои доаѓаат на островот ќе ја плаќаат влезната такса директно на аеродромот или на морското пристаниште. Задолжително ќе треба да ги чуваат сметките и налепниците додека не ја напуштат државата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bali Travel Destinations (@balidaily)

По зборовите на директорот на туристичката организација на Бали, Путу Астава, оваа одлука има за цел да ја зголеми свеста и одговорноста на странските туристи за заштита на животната средина и културата на Бали.

Неодамна Бали се најде на насловните страници поради несоодветното однесување на одредени туристи. Така еден турист позирал целосно гол на свето место – врвот на планината Агунг. Како одговор, гувернерот на провинцијата Вајан Костер најавил строги мерки. Неговата желба е да Бали биде дестинација за квалитетен туризам и љубезни гости кои ја почитуваат локалната култура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bali Travel Destinations (@balidaily)

Пред појавата на пандемијата „Ковид-19“, островот, со околу 4,2 милиони жители, примал над 6,2 милиони меѓународни туристи годишно. Се разбира, туристичката индустрија претрпела значителен удар и пад поради пандемијата. За среќа, откако епидемиолошката состојба се смири, значително пораснал и бројот на туристи кои го посетуваат островот.

Извор: Точка

Останати вести од Вистаграм