Љубов и Секс

Зошто се бакнуваме и како воопшто започнала таа интимност?

Зошто се бакнуваме и како воопшто започнала таа интимност?

За бакнежите досега се зборувало многу, напишани се многу песни, насликани слики, откриени бројни научни факти.

На пример, дали сте знаеле дека едноставен бакнеж во кој се вклучени два мускули согорува 2-3 калории, додека страсниот бакнеж кој вклучува 23-34 мускули може да согори 5-26 калории во минута? Или пак, дека 10 отсто од луѓето воопшто не се бакнуваат?

Меѓутоа, доколку застанете и размислите за тоа, оваа постапка навистина е малку чудна.

Ги притискате усните на туѓите, разменувајќи плунка. Зошто луѓето на прво место почнале да се бакнуваат?

Постојат многу теории за бакнувањето и зошто го практикуваме. Некој верува дека станува збор за романтична или сексуална намера, некој пак дека тоа е инстинктивен потег вкоренет во човечката биологија.

Freepik

Бакнежите ја зацврстуваат врската

Бакнувањето предизвикува хемиска реакција во мозокот проследена со „експлозија“ на окситоцин, често наречен хормон на љубов бидејќи предизвикува чувство на наклонетост. Според една студија објавена во листата на Proceedings of the National Academy of Sciences 2013. година, окситоцинот е особено важен за да им помогне на мажите да се поврзат со своите партнерки и да бидат моногамни.

Исто така, познато е дека жените доживуваат голем наплив на окситоцин за време на породувањето и доењето, што ја зајакнува врската помеѓу мајката и детето. Зборувајќи за доењето, многумина веруваат дека бакнувањето всушност потекнува од него – слично како што прават птиците со пилињата кога ги хранат со црви, мајките во минатото им давале на своите бебиња храна која најпрво сами би ја соџвакале, пишува Healthline.

Некои бакнежи се вкоренети во романтичната љубов

Го знаете тоа чувство кога сте на почетокот на љубовта, чувствувате пеперутки во стомакот и сте возбудени и само кога размислувате за таа личност? Тоа е ефектот на допамин, кој се ослободува кога правиме нешто во кое уживаме, а бакнувањето и минувањето време со некој кој ве привлекува е едно од нив.

Freepik

Допаминот и другите „хормони на среќата“ прават да се чувствуваме еуфорично, а колку повеќе ги добиваме – толку повеќе сакаме! За некои тоа е особено видливо на почетокот на врската, кога поголемиот дел од времето се минува во бакнување.

Доколку продолжите да се бакнувате често и кога ќе исчезне таа прв искра, можете да продолжите да уживате во придобивките од овие хормони и да бидете задоволни во вашата врска. Нешто слично покажало истражувањето од 2013 година, во кое паровите во долги врски кои често се бакнуваат неретко укажувале дека се задоволни од своите врски.

Некои бакнежи ги придвижува сексуалната желба

Бакнежите често се водени од сексуалноста, а постарите истражувања покажале дека жената го проценува потенцијалниот партнер врз основа на бакнежот, а какво е бакнувањето игра важна улога во тоа дали ќе замине во кревет со него.

Во студија чии наоди биле објавени во 2007 година во списанието Evolutionary Psychology, учесниците изјавиле дека мала е веројатноста да имаат односи со некого доколку претходно не се бакнувале, како и тоа колку некој добро се бакнува ги зголемува или намалува шансите за секс.

Исто така, докажано е дека мажите се бакнуваат за го зголемат нивото на полови хормони и протеини кои ја прават нивната партнерка порасположена за интимни односи. Бакнувањето со отворена уста и јазик, со размена на плунка, е особено ефикасно за подигнување на возбудата.

Бакнеж, едноставно, радува

Можеме да им се заблагодариме на нервните завршетоци за фактот дека бакнувањето пружа толку добро чувство, бидејќи усните имаат повеќе нервни завршетоци од било кој друг дел на телото. Кога други усни или топла кожа се припијат врз нив, се чувствуваме добро.

Комбинирајте го тоа со хемискиот коктел од допамин, окситоцин и серотонин кои се ослободуваат при бакнувањето и добивате рецепт за феноменално чувство!

Покрај тоа, се покажало дека бакнувањето го намалува нивото на кортизол, т.е. хормоните на стрес, па затоа сме поопуштени.

фото:Freepik