Лице в Лице

„Урбан ФМ“ – генерален покровител и медиумски поддржувач на „Макфест“: “Урбан ФМ е радио за млади, убави и ‘будали’ во душата… останатите и остарените слободно можат да сменат станица”

„Урбан ФМ“ – генерален покровител и медиумски поддржувач на „Макфест“: “Урбан ФМ е радио за млади, убави и ‘будали’ во душата… останатите и остарените слободно можат да сменат станица”

1. Урбан ФМ покрај новата сопственичка структура однеодамна и музички и содржински се ребрендираше… Што ја наметна потребата од менување на дотогашната концепција?

– Секоја промена неминовно и по дефиниција носи нешто ново со себе, а во случајот на Урбан ФМ ,тоа се рефлектираше како во програмската содржина и музичката уредничка политика, така и во кадровското проширување на тимот, просторно проширување со ново радиско и подкаст hey студио и технолошко и просторно модернизирање, трансформирајки се во она што би требало да претставува модерно радио кое го прати времето, како прво радио во Македонија кое се издигнува и програмски и технолошки и содржински на нивото на водечките светски радио станици.

2. Зошто токму изборот падна да се емитува македонска музика во изобилство, многу повеќе од останатата конкуренција: потребата за поразличност од останатите, видовте можност и празен простор кој може да се освои и пополни во радиоетерот или националното чувство и патриотскиот дух за зачувување на сопствената музика и музичконаледство, јазикот, културата… преовладаа?

-Одговорот би бил веројатно комбинација од двете влијанија, дополнето со чувството дека останатите медуими целосно ја запоставија својата законска обврска и улога во исполнувањето на јавниот интерес за промоција и развој на домашната култура и уметност ,вклучително и домашната музика која би требало да биде основна компонента на секоја медиумска програма. Урбан ФМ ќе се обиде низ својата програма да ги врати нештата во некоја нормална состојба, од онаа изместена реалност и улога во која останатите  радиодифузери намерно или ненамерно застранија.

3. Колку е проблем да се дојде до музички материјал со постарите македонски евергрини, песни, хитови… а колку со она што денешните „нови деца“ го работат и издавбаат како песна, албум, носач на звук?

Воопшто не е тешко да се дојде и до постарата продукција, како и до поновата и да се каже дека е тешко би било само изговор. Во денешното време на технологија ако се сака и работи, има начини да се наполни солидна дури и целосна антолигиска база со македонска музика,а артистите од сите периоди на творење,со задоволство соработуваат и испраќаат своја музика во Урбан ФМ, препознавајќи ја и подржувајќи ја нашата мисија.

4. Каде во моментов се позиционирате себеси како медиум меѓу скопските и радиостаниците во Македонија воопшто и какви се плановите за што подобро место во радиооетерот, а со самото тоа и поголема слушаност и блискост до слушателите?

-Имаме кристално чиста визија околу тоа,а тоа е деха Урбан ФМ е единствениот радиодифузер во моментов наменет за младата публика. Тргнувајќи од премисата и реалноста дека сите останати медиуми се остарени како по сопственичка структура, така и по кадровската структура и содржинско – технолошки и уредувачка и музичка програма застанати во некој минат век и времиња, Урбан ФМ создава млада програма, со млади луѓе и модерна технологија и со доминантно млада македонска и светска музика и содржини наменети исклучиво за младата публика, како и повозрасната публика која музички и духувно младо се чувствува во душата. Односно како што гласи нашето мото кое допрва ќе го комуницираме со јавноста: “Урбан ФМ е радио за млади, убави и “будали” во душата… останатите и остарените слободно можат да сменат станица”!

 

5. Како гледате на сите превирања во ЗАМП и каква е вашата соработка со оние кои треба да ги штитат правата на авторите, но и да бидат кооперативни соелектронските медиуми?

-Од аспект на медиум, не е наше да ги коментираме превирањата и аферите околу состојбите со поделбата на средствата помеѓу авторите и тоа останува да го решаваат меѓусебно членовите на ЗАМП. Нас како медуими ниту не засега, ниту имаме легална основа да одлучуваме околу тоа. Медуимите, сите радио и ТВ станици, преку софтверот кој треба да ги доставува сите податоци за користена музика до ЗАМП, би требало да бидат базата на информации по која би требало автоматски да ги респредулуваат средствата собрани само од радиодифузерите, зависно од тоа чија мизика колку е користена. Зошто тој софтвер намерно и целосно не е ставен во функција и зошто средствата од сите медиуми, хорека сегментот и сите музички настани, се’ уште се дели по рачно доставени листи од само еден радиодифузер, е прашање на кое треба да одговорат од ЗАМП? Она што ЗАМП во последниве години негативно започна да делува врз медиумите е еден премолчен факт кој тивко незаконски започна да се одвива во сенка, а тоа е дека некој во ЗАМП се досетил незаконски да наплаќа “радиодифузна такса” од трговски субјекти кои пуштаат радио на своите работни места и услужно продажни локации, подметнувајќи им го слушањето радио како користење на “фонограми со авторска музика од членови на ЗАМП”. И тоа испраќајки неовластени квази “инспектори” – инаку обични музички и правно необразувани луѓе за паушален надоместок од ЗАМП, да пополнуваат некакви фиктивни записници за користење “фонограми” од страна на трговски продажни места, преку кои со асистенција на една адвокатска канцеларија и подобни судии, носат извршни решенија за присилна наплата за слушање радио  од бензински пумпи, трговски и услужни субјекти,  директно плашејќи ги дека слишањето радио треба да се плаќа во ЗАМП. Ограничувајки ја слободата на медиумите и ставајки се над Уставот и законите кои пред десетина години ја укинаа радиодифузната такса во Македонија. Дополнително во ЗАМП не членуваат фонограмски продуценти ниту изведувачи на кои им следува надоместок за користење фонограм, согласно Законот за авторски и сродни права, па самата дубиоза станува поголема и понелогична во чие име ЗАМП ја злоупотребува оваа материја. Тоа е сериозен проблем за нас како радија,а сериозен проблем на измама за незаконско извлекување средства од  стопанството од преку 70.000 трговски друштва во Македонија од  страна на некој во ЗАМП, кој измислил  непостоечки основ да собира средства  и да го ограничува уставно загарантираното право на слобода на медиумите, меѓу кое и слушање радио програма. Ние како радија плаќаме во ЗАМП за користењето  музика и никој нема право да го ограничува или наплаќа двојно и  од било кого што ја слуша нашата програма. Во оваа прилика љубезно би ги замолиле да ни го остават слушателита на мира, да им понудиме правна помош да ги средат незаконските правилници за наплата кои можеби ги наследиле од некоја поранешна гарнитури, како и да гостуваат во нашата програма и да ја објаснат таквата ситуација.

6. Стариот хит „Video killed the radio star“ своевремено му претскажуваше брзо згаснување на радиото, кое сепак и покрај тоа опстана. Колку сега новите технологии, видоплатформи, Интернет канали , социјалните мрежи ве плашат и ви се сериозна конкуренција или пак истите ги ползувате за што подобро, побргу и поблиску да допрете до вашите слушатели?

Никој и ништо и никогаш нема да може да го уништи или замени радиото и тоа однови ке се јавува во нова форма и со нова сила и улога.Новите технологии и социјални мрежи отварат бескрајнни можности за еволуција и напредок на радијата и зајакнување на нивната улога во општеството. Урбан ФМ од 1-ви ноември започнува со 12 радио подкаст емисии кои ке ги водат млади музичари и уметници, кои публиката ќе може да ги слуша на нашата фреквенција,но ќе може и да ги гледа во живо на социјалните мрежи во вид на видео подкаст и тоа не само во МК туку во целиот свет, како радио кое е достапно на онлајн радиските платформи и социјални мрежи на секоја точка на планетата каде има пристоен интернет. Урбан ФМ веќе ги надмина границите и досегот на фрекфенцијата и не е повеќе  регионално радио,туку светски радио дифузер,токму благодарение на новите социјални трендови и технологии.

7. Урбан ФМ како поддржувач на македонската музика годинава е е и генерален поддржувач и спонзор на најугледниот македонски фестивал на забавна музика – Макфест 2023 во Штип. Во што ќе се огледа, во кои се сегменти, вашата поддршка и соработка со фестивалот?

Макфест би требало да биде еден од столбовите за развој на македонската музика и ние во Урбан ФМ ја имаме истата мисија,така што соработката е природно условена и наметната.Со овој чекор сакавме да го поздравиме започнатиот процес на ослободување и реформирање на Макфест, финансиски да го поддржиме  за што подобра организација  и заеднички да го направиме актуелен и достапен Фестивалот до што поширока публика со заедничка маркетинг поддршка, со директен пренос и отворено студио од Штип на програмата на Урбан ФМ.

Веруваме дека е дојдено време кога сите треба да почнеме да вложуваме во развојот на македонската музика,наместо само да грабаме од неа, како што досега беше пракса.

8. Како генерални поддржувачи на Макфест 2023 што очекувате годинешното фестивалско издание да понуди?

Почит кон вложувањата,очекувањата и достоинството на артистите на сцената, авторите зад сцената и кон публиката пред екраните и радио предавателите. Ништо помалку од тоа.

 Робин Зимбаков во име на „Урбан ФМ“ 

Останати вести од Лице в Лице