Лице в Лице

Уредникот на „Вистина“ Антонио Димитриевски на „Жешко столче“: „Ние сме таблоид, но името доволно кажува дали објавуваме лажни вести“ (ВИДЕО)

Уредникот на „Вистина“ Антонио Димитриевски на „Жешко столче“: „Ние сме таблоид, но името доволно кажува дали објавуваме лажни вести“ (ВИДЕО)

Некогашен музичар кој свирел на тапани во неколку значајни македонски рок групи, меѓу кои најпозната е секако „Меморија“ со која го снима и првиот нивни албум „Оган под ѕвездите“. Речиси три и пол децении во новинарскиот еснаф. Новинар, уредник, ТВ и радио водител, која работел во сите можни медиуми. И електронските и печатените и овие кои се онлајн.

Од Млад борец и Фокус, преку МРТВ и Радио Слободна Македонија, до Вистина… Од извршен продуцент и сопственик на „Премиер продукција“ до проект менаџер една цела деценија на „Универзална сала“. Од „Пулсирања“, „Шоуто мора да продолжи“, „Мислам дека имаме хит“, „Хит на месецот“, „Евтини приказни“, до „5 минути Вистина на РСМ“ и „Ништо лично“ на Слободен печат… Автор и организатор на две клучни манифестации кои ја вреднуваа, валоризираа и наградуваа македонската музика и нејзините автори и изведувачи на најрелевантен начин уште во почетокот на 90-те… „12 Величествени“ како и „Македонскиот радиски фестивал – МАкедонската Радио Селекција – МАРС“ кој ги наградуваше најслушаните песни во годината по избор на македонските радиостаници, официјален ПР на последниот „Макфест 2023“

Последните десет години основач новинар и уредник на порталот за култура, забава, естрада, мода, музика… Вистина.ком.мкАнтонио Димитриевски на гости кај младиот водител Никола  Трпковски, седнат на „Жешко столче“ во неговиот истоимен подкаст одговараше на скокотливите прашања за македонската естрада, нејзините ѕвезди и оние кои тоа би сакале да бидат, за оние кои тоа не се, а мислат дека се, за соработката и релациите со нив и нивните менаџери, за порталот во кого е новинар и уредник последнава деценија,  за новинарството и т.н. онлајн новинарство, за односот со колегите од другите медиуми, за паралелите помеѓу популарните од регионот и домашните изведувачи, за Министерството за култура, медиумите, прајм тајмот, забавата…

За многу нешта за кои другите не можат, не смеат или не сакаат да зборуваат или немаат што да кажат… Сето ова во видеото кое можете да го погледнете во продолжение…

Останати вести од Лице в Лице