Радио Милева
„ел падрино“

Нема шанса да го препознаете Тони Зен: Промената на имиџот е толку голема што би рекле дека не е тој (фото)

Нема шанса да го препознаете Тони Зен: Промената на имиџот е толку голема што би рекле дека не е тој (фото)

Широки блузони, панталони, маички, задолжително со спортско капче и својот бунтовнички став од визуелениот израз и стилски печат – вака го знаеме популарниот македонски рапер Тони Зен.

Минатото лето, односно во јуни Тони Зен пред јавноста се претстави во едно сосема поинакво светло со неговата последна музичка тема „Ел Падрино“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Toni Zen (@tonizentoni)

Пред долги години направи вистински бум со своите текстови кои никого не оставаат рамнодушен и од локален прерасна во национален музички херој, а со истото темпо продолжува и денес, токму со „Ел Падрино“ чиј текст го напиша самиот.

Тони за разлика од порано не така често го гледаме во јавност, а за празничното божиќно издание на шоуто „7-мо небо“ и беше гостин на Марјана Станојковска заедно со Викторија Лоба.

Оние што можеби од поодамна не го виделе Тони, на прв поглед тешко дека би го препознале.

Сосема друг имиџ, елегантен господин со костум и шапка, сосема поинаку стилизирана брада.

Префинета елеганција со став од новиот Тони Зен или оној кој го видовме во спотот од „Ел Падрино“.

Олчигледно на Тони сега му е убаво вака, па строгата елеганција сега е неговото новото јас пред камери што совршено му стои.

фото:Instagram printscreen/ tonizentoni/ marjanamay

Останати вести од Радио Милева