Лице в Лице
пет минути, кои траат...

Ацо Пејовиќ: „Тоше Проески е еден и единствен, после него сите се плашат да направат нешто“ (ВИДЕО)

Ацо Пејовиќ: „Тоше Проески е еден и единствен, после него сите се плашат да направат нешто“ (ВИДЕО)

Неговото име и презиме се поим за успех, пример за остварување на својот сон, но и доказ дека оние 5 минути во животот не чекаат сите нас, доказ дека среќата трае исто толку, а ако успееме да ја препознаеме и задржиме, доаѓаме до она кон што сите копнееме – задоволство и мир.

Ацо Пејовиќ тоа на време го сфати. Неговиот живот е далеку од совршен, но тој успева работите да ги прифати на вистински начин. Не е еден од оние кои себе си во медиумите ќе се претставува како голема ѕвезда чиј што живот е идеален. Напротив… Тој со себе носи порази и тага, разделби и болка, но и огромни успеси за кои отворено зборува.

Години подоцна и понатаму со насмевка на лицето, но со големо искуство, драгоцени вредности и приоритети во животот, повторно накратко прелета преку некои спомени со желба повторно да ја собере публиката и да ја потсети на некои времиња, емоции и песни. А тоа ќе го направи на 23-ти декември во „Арена Борис Трајковски”
со голем предновогодишен концерт.

Во интервју за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ тој зборуваше за концертот и додаде дека многу се радува на истиот. Дел од разговорот, освен на концертот, беше посветен и на Тоше Проески, каде што Ацо кажа дека тој е еден и единствен и дека многумина се плашат од неговиот успех, кој е недостижен.

Останати вести од Лице в Лице