Радио Милева
спуштени панталони...

Откако видеото за макфестовскиот настап го најавуваше со „жешки сцени“, Кристина Димитри „блискоста“ со Љуба Перуќица во спотот мораше „да ја објаснува“ во српските медиуми ( ФОТО)

Откако видеото за макфестовскиот настап го најавуваше со „жешки сцени“, Кристина Димитри „блискоста“ со Љуба Перуќица во спотот мораше „да ја објаснува“ во српските медиуми ( ФОТО)

Македонската екс мисица, сега естрана пејачка Кристина Димитри за потребите на својот макфестовски настап во дует со српскиот пејач Љуба Перуќица, сними видео кое изобилува со жешки сцени. Блискоста меѓу атрактивната тетовка и српскиот фолкер во скокотливите кадри беше евидентна, па многумина веднаш се посомневаа дека тука се работи за нешто повеќе од само „професионална провокација за дразнење на јавноста“, односно само фрлена јадица на која публиката треба да загриза на песната „Посилна“.

Иако Перуќица е во брак со ултразгодната и атрактивна екс ТВ водителка Катарина Колозеус, со која секој ден чекаат да го добијат првото дете, уште со првите фотографии  од снимањето на спотот за песната „Посилна“ кои се појавија на социјалните мрежи,  веднаш наидоа на бурни реакции.

Пред премиерата на спотот за оваа песна беше претставен и „тизер“ на кој како и на објавените фотографии тие двајца изгледаат како заљубен пар.

За неколку секунди беа претставени најжешките  сцени  од Кристина и Љуба, а пред премиерата ова видео веќе предизвика возбуда на работ на афера, која по макфестовскиот настап дури и кулминираше  со написи во одердени медиуми дека дека жена му само што не се породила, а Љуба Перуќица веќе се разведува?! 

Така, откако видеото за макфестовскиот настап го најавуваше со „жешки сцени“, Кристина Димитри „блискоста“ со Љуба Перуќица во спотот мораше „да ја објаснува“ и во српските медиуми.

Особено што Љуба е познат по тоа дека “тешко може да се воздржи“ кога има атрактивна и секси жена покрај себе, та било тоа и на снимање, како што беше случајот сво видеото за неговата песна „Еротична“… До душа, таму партнерка му е неговата сопруга Катарина, па… Ама, сеедно!

Новинарите ја контактирале Кристина бидејќи сакале да проверат што мисли, дали сопругата на пејачот Катарина ќе биде љубоморна кога ќе види што снимале Љуба и таа.

„Беше прекрасно на снимањето. Имаше позитивна енергија од тимот што го направи видеото, а Љуба е многу смешен и позитивен лудак“ – изјави Кристина, а потоа се осврна на наводниот можен развод.

„Ми беше чест да соработувам со Љуба, кој е еден од најдобрите вокали на овие простори. А неговата сопруга, која е убава и харизматична, знае што значи шоубиз. Па секако нема да има развод“- низ насмевка прокоментирала атрактивната македонска пејачка.

Но тоа како да не било доволно, па оние кои баш и не и поверувале отишле чекор понатаму и се обратиле кај бремената Катарина за да ја слушнат и нејзината вистина:

„По снимањето на спотот со Кристина тргна приказната за разводот, бидејќи се зборуваше дека биле премногу блиски, но морам сите да ги разочарам, од тоа нема ништо. Hе го пуштам јас така лесно. Шегата на страна, мене мие тоа сосема во ред, а морам да откријам дека и јас самата сум делумно ‘виновна’ за нивниот дует. Кога Кристина го повика да и гостува во песната, веднаш му реков да се согласи, ја видов претходно кај Амиџиќ и ми изгледаше дека е добра ‘риба’, што ќе му фали?  Сакам кога нешто снима да е опкружен со со убави и атрактивни девојки, тоа секако поубаво изгледа, а и мене ме мотивира да не се запуштам како поедини жени, кога ќе се омажат за саканиот маж. Вака знам дека секогаш некоја се мота околу него, па морам и јас малку да се трудам“ – одговорила бремената Катарина, сопругата на Љуба Перуќица која навистина излегла „посилна“ од аферите и аферџи(к)ите кои се обидоа да и го растурат бракот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

А нашата убавица?  Има нова музичка порака… Еротска: „Ми го е*а денот!“  – е насловот.

И одново Кристина Димитри ја најавува со… спуштени панталони!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry/katarina_kolozeus

Останати вести од Радио Милева