Промотер

Огнен Здравковски има нов љубовен – „Порок“ (ВИДЕО)

Огнен Здравковски има нов љубовен – „Порок“ (ВИДЕО)

Огнен Здравковски учествуваше на 38. издание на фестивалот „Макфест 2023“ во Штип, каде настапи со својата најнова песна која носи наслов „Порок.

Огнен настапи во ревијалната вечер и со својата изведба во живо ја воодушеви многубројната публика во културниот дом „Ацо Шопов, како и гледачите пред ТВ екраните… Автори на оваа песна се потпишуваат веќе докажаните музички имиња, Елвир Мекиќ како автор на текстот, додека музиката и аранжманот се дело на Дамјан Лазаров.

„Јас сум прездоволен од мојот настап на Макфест, добивам само позитивни коментари. Најважно од се ми беше песната да и се допадне на публиката, а според тоа што го слушам и читам на социјалните мрежи, им се допаѓа „Порок“ – вели Здравковски.

Инаку за потребите на оваа негова најнова песна, Огнен сними и видеоспот во српската престолнин, каде соработуваше со екипата на „Sneak Media“, кои снимаат и со најпознатите тамошни ѕвезди. Покрај Огнен, во спотот се појавува и познатиот српски модел Андреа Милутиновиќ, која одлично ја заврши својата задача.

Она што е важно да се спомене, е тоа што Огнен не застанува тука, тој веќе со својата екипа од соработници размислуваат и за новата песна и новите проекти, а до тогаш него ќе може да го видите и слушнете на настапите ширум нашата земја.

Како звучи и изгледа неговиот музички „Порок“, проследете во продолжение: