Промотер

Јоце Панов ќе ви раскаже низ песна како изгледа во љубовта да имаш – „Среќа во несреќа“ (ВИДЕО)

Јоце Панов ќе ви  раскаже низ песна како изгледа во љубовта да имаш – „Среќа во несреќа“  (ВИДЕО)

Јоце Панов, реши веднаш по празниците да ја израдува својата  публиката и да и подари нова песна на која напорно работеше претходниот период.

Во морето деловни обврски како професор во една позната скопска гимназија, мноштвото ТВ гостувања и бројните настапи низз цела македонија но неретко и надвор од неа, пејачот не ја запостави својата работа во студио, па така сега светлината на денот ја здогледа новата песна наречена „Среќа во несреќа“ што ја издаде за „Гранд продукција“, а истата е испеана на српски јазик, со цел да се освои што повеќе публика во регионот.

За разлика од неговата претходна песна, која имаше побрз ритам, овој пат Јоце покажува чиста емоција во баладата која веќе  ја освои публиката на првото слушање, а кадрите од спотот снимен од  проверениот мајстор Дејан Милиќевиќ ја раскажуваат приказната онака, филмски за само неколку минути.

Овој проект инаку има посебо значење за штипјанецот со скопска адреса на живеење бидејќи музиката и текстот ги напиша заедно со познатиот хитмејкер Драган Брајовиќ Браја, а аранжманот го направи сам.

Како звучи тој во неговото најново музичко остварување, но и каква приказна се крие во видеоспотот, проследете во продолжение: