Промотер

Наташа Миха ве носи низ „огнот на љубовниот пекол“ во – „Инферно“ (ВИДЕО)

Наташа Миха ве носи низ „огнот на љубовниот пекол“ во – „Инферно“ (ВИДЕО)

Измина една година од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, по што Наташа Миха се враќа на музичката сцена со нова песна. „Инферно“ е насловот на новото музичко парче, песна во која доминира нејзиниот препознатлив стил и вокален наратив, песна која беше пуштена во радио етерот и виделината на денот премиерно ја здогледа објавена на 27 февруари заедно со видеозапис.

Инспирацијата за „Инферно“ лежи во стилот на музицирање и музиката од 90-тите кога светот беше опсипан и со најголем број квалитетни хитови.

„Оние кои веќе ме познаваат, знаат дека сакам да си играм и експериментирам со жанрови. Тоа е мојот печат. Кога бев дете, слушав различни стилови на песни. Подоцна, во тинејџерските денови, иако ја изучував класичната музика, топ-листите на MTV Music и VH1 беа мојата музичка лектира. Од тука се навлеков на поп, рок и електронска музика, и од тоа време во себе носам песни и албуми на артисти кои се длабоко врежани во моето битие и се рефлектираат во она што сум денес“.

Високиот стандард што го поставија со “Мерлин Монро” е задржан и надграден така што македонската музичка сцена доби нов врвен музички тандем!

„Ова e песна на која заедно со Дамир Пух посветивме многу труд и време за секој детаљ да си дојде на своето место. Ако „Мерлин Монро“ е песната за се што не сум, “Инферно” е сублимат на се’ што сум“ – ќе каже пејачката.

Зад музиката на „Инферно“ се потпишуваат и двајцата, текстот е на Наташа, а аранжманот на Дамир. Освен учеството во креативниот дел, Дамир го има изработено и миксот и мастерингот на песната, а продукцијата е целосно реализирана во „GreenRoom Sound“ студио во Скопје.

За видеозаписот на песната бил задолжен Горан Симјановски, кој ја сработи целата видео продукција. К

ако звучи и изгледа нивниот „оган во срцето на светот“ во „Инферно“, проследете од видеото во продолжение: