Лице в Лице

Трите популарни македонски водителки – Јована Стојменовиќ, Ведрана Ѓорѓевиќ и Билјана Дебарлиева во интервју за „Jingle TV“ (ВИДЕО)

Трите популарни македонски водителки – Јована Стојменовиќ, Ведрана Ѓорѓевиќ и Билјана Дебарлиева во интервју за „Jingle TV“ (ВИДЕО)

Тие три покрај тоа што се згодни, атрактивни, заводливи, сексапилни, вистински дами, сите три се меѓу најпопуларните македонски ТВ водителки со години наназад. Работеле на различни медиуми и ТВ фреквенции, но секаде каде што ќе се појават, со својот изглед, шарм и говор пленат. Ја освојуваат ТВ публиката на прва, па затоа таа им останува верна каде и да се, секаде каде што нивниот лик и појава ќе осамне, без оглед дали е тоа  на ТВ екраните или на некоја манифестација, конференција, фестивал, настан, случување, било каков ивент…

Имињата на  Јована Стојменовиќ, Ведрана Ѓорѓевиќ и Билјана Дебарлиева секогаш се гаранција дека ТВ гледачот или организаторот не можел да направи подобар избор.


Токму трите во интервју за „Jingle TV“ ги раскажаа своите ставови и искуства, за нивното, но и туѓо присуство во професијата на оние што  заслужуваат да бидат дел од неа и оние што случајно заталкале во истата. Но и за она што се нарекува било која друга јавна професија, како естрадната на пример, во која секој не заслужува да се нарече естраден уметник.

Така, Јована и Ведрана удрија по македонскта естрада, во која има многу непознати ликови, кои  стихијски се појавуваат и сакаат преку ноќ да бидат ѕвезди.

„Ми се чини стихијски овде кој  ќе се појави на некој портал, тој  веднаш  е најактуелен кај колегите. Треба малку да се прочепка, кој тоа се’ треба да биде дел од некакви јавни конференции, манифестации, настани и сл.“ – изјави Јована во интервјуто за „Ексклузив“ на „Jingle TV“ , чие излагање, како и оние на нејзините колешки Ведрана и Билјана, можете да ги проследите во продолжение на видеото (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Лице в Лице