Радио Милева
солидно златна... и гола

Ведрана Ѓорѓевиќ пиштол гола во кадата: Екс водителката од „Златниот тепих“ со „златен фетиш“ под туш (ФОТО)

Ведрана Ѓорѓевиќ пиштол гола во кадата: Екс водителката од „Златниот тепих“ со „златен фетиш“ под туш (ФОТО)

Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ по успешниот престој на „Златниот тепих“ како ТВ партнерка на нејзиниот колега, водителот Миро Кацаров, зеленооката убавица ја заврши дружбата и со него и со ТВ гледачите и замина од ТВ екраните. Барем засега…

И додека многумина го чекаат нејзиното „враќање во иднината“ кога е во прашање телевизијата, долгоногата убавица е се поактивна како модел и инфлуенсерка на социјалните мрежи. како и сите познати инфлуесерки, се рекламираат разни производи и услуги од повеќе или помалку познати фирми и производители… При тоа не се штеди ниту на инвенција ниту на интелигенција, а како што стојата работите ниту на телесната убавина со која ве надарила природата, а естатската хирургија нешто коригирала, дополнила или пополнила!

Последната споделена фотосесија на некогашната ТВ водителка и тоа како ја разбранува фанатзијата, особено онаа на машката популација, чија еротска имагинација еруптираше откако осамнаа разголените фотографии на Ведрана!

Имено, минатиот пат топлес на плажата, ама овој пат „пиштол гола“ во кадата, екс водителката  од „Златниот тепих“  го споделила сиот свој телесен раскош со „златен фетиш“ под туш!

Иако ништо експлицитно не се гледа, сепак позите се доволно возбудливи за да ја разбрануваат машката (па и женската) фантазијата до ниво на експлозија! Златните детали под тушот, кои се всушност наменски потенцирани, се само прашање на вкусот дали би и ги симнале или сосе нив на неа, со некоја вака згодна, сексапилна, убава и млада, би ја споделиле топлата када.

Се разбира еротските копнежи и мечти се едно, а рекламните трикови нешто сосема друго, иако чашата шампањско или сортно бело вино сеедно, го ги дразни сите сетила дополнително.

Раката со парчето златен накит која опуштено виси надвор од кадата, за крај буди асоцијација на двојно задоволство… Она што како злато убавицата го поседува и единственото чувство од уживањето… Во капењето, се разбира!

Останатото зависи од вашите бујни мечти, еротски фантазии и соништа… Или кој како Ведрана Ѓорѓевиќ ја доживува. Сепак, едно е сигурно: Дека е златна – златна е… И тоа солидно златна, но не само на слика! Впрочем, така и самата вика!

Фото: Инстаграм/vedrana_edrana

Останати вести од Радио Милева