Радио Милева
време да се засукаат ракави

Билјана Дебарлиева како градинарака: Издание во кое никогаш ниту сте ја виделе, ниту ја замислувате (фото)

Билјана Дебарлиева како градинарака: Издание во кое никогаш ниту сте ја виделе, ниту ја замислувате (фото)

Почетокот на месец март беше јасен сигнал за старт на пролетната припрема на градините.

ТВ водителката Билјана Дебарлиева преку социјалните мрежи откри дека има викендичка во Скопска Црна Гора која е бегство од градот кон планина, за релаксација и уживање во природата и убавиот воздух.

Дебарлиева редовно ја гледаме во префинети дамски изданија пред камери, но овој пат таа понуди можност да ја видиме доста поразлична и да ѕирнеме во нејзиниот мал приватен рај на вкендичката која е излез од секојдневието и градската џунгла.

Модерна градинарка, лежерна и во комфорно издание за работа, но сепак со моден идентитет кој соодветствува на нејзиниот визуелен израз на кој сме навикнале.

Откако ги исчисти сите остатоци на градината оставени од зимата и тоа во друштво на трите кучиња, градината за претстојната сезона е подговтвена за сеидба на нови зелени растенија и цвеќиња по вкус на познатата водителка.

Кефето во дворче сигурно ќе се пие со уште поголемо задоволство кога се’ околу ќе грее од убаво!

фото:Facebook/ Билјана Дебарлиева

Останати вести од Радио Милева