Радио Милева
трагична вест

Тага во домот на познатиот актер: Почина таткото на Ричард Гир на 101 година (фото)

Тага во домот на познатиот актер: Почина таткото на Ричард Гир на 101 година  (фото)

Таткото на холивудската ѕвезда Ричард Гир, Хомер Џорџ Гир, почина два месеци пред неговиот 101 роденден, објави на Инстаграм сопругата на актерот Алехандра Гир. Бидејќи Ричард не се огласи на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот на Алехандра пристигнуваат коментари со сочувство.

Во подолга објава таа напиша дека Хомер живеел убав и исполнет живот и дека бил посветен да им помага на другите. Роден бил на 7 мај 1922 година во малото гратче Бруклин, Пенсилванија. Уште во основно училиште, ја запознал љубовта на својот живот, Дорис Тифани, со која се оженил во 1945 година по враќањето од Втората светска војна.

Дорис била домаќинка, а Хомер осигурителен агент за „Nationwide“. Заедно имале пет деца, а првото родено е Ричард.

Хомер секогаш сакал да им помага на другите. „Ако не можеше да помогне финансиски, секогаш имаше насмевка или прегратка или некој друг начин да им помогне на другите. Тоа беше околу мене цело време додека растев“, еднаш изјави Ричард.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere)

Семејството ги поканува фановите на глумецот да го прослават животот на Хомер, бидејќи тој живееше убав и исполнет живот и бише посветен на помагање на другите, а тоа им го пренесе и на своите пет деца – Сузан, Ричард, Џоана, Дејвид и Лаура.

По пензионирањето, Хомер ѝ помогнал на непрофитната организација Meals on Wheels, која доставува храна до оние кои не можат сами да ја купат или подготват. Тој собирал средства и доставувал оброци повеќе од 25 години. Поради неговото влијание,и Ричард се вклучил во хуманитарна работа.

„Татко ми ги инспирира луѓето, влијае врз нив, ги вклучува. Кога му треба на неговото соседство, тој е таму“, рече еднаш. Минатата година Хомер го прославил својот 100-ти роденден, а по тој повод се собрало целото семејство.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

 

Останати вести од Радио Милева