Вистаграм

Најубавите близначки на светот имаат 9 години и 1,1 милион следбеници на Инстаграм

Најубавите близначки на светот имаат 9 години и 1,1 милион следбеници на Инстаграм

Како изгледа секојдневниот живот на сестрите кои се прогласени за најубавите близначки на светот? Кога Жаки Клементс на седмиот роденден на своите ќерки Ава Марија и Леа Роуз им отвори Инстаграм профил, тие веднаш станаа многу популарни.

“За околу шест месеци имаа речиси 150.000 следбеници. Во тоа време Дејли Меил објави статија за нив”, се присетува Жаки. Нивниот профил денес го следат повеќе од 1,1 милиони луѓе од кои многумина сметаат дека станува збор за најубавите девојчиња на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ava Marie & Leah Rose (@clementstwins) on

“Минатата година беше навистина забавна и возбудлива за нив. Без разлика дали станува збор за шопинг искуство, скапи подароци од брендови ширум светот, фотографии со фановите, на девојките им е неверојатно забавно. Секако, најважни им се пријателите кои ги стекнаа по пат на социјалните мрежи”, вели Жаки.

Жаки се грижи близначките да одат на училиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ava Marie & Leah Rose (@clementstwins) on

“Ангажманите им ги закажувам за време на викендот или веднаш после училиште за да не ја пропуштат наставата. Доколку добијат работа преку агенција, на сетот со нив има и наставник или наставничка кои им помагаат со училишните обврски”.

Во деновите кога работат, девојките стануваат рано наутро и ги вози до Лос Анџелес каде се одржуваат поголемиот дел од нивните снимања.

“Кога не работат нормално одат на училиште, на пливање, танцуваат или си играат со пријателите во соседството”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ava Marie & Leah Rose (@clementstwins) on

Жаки има и совет за оние кои сакаат да имаат повеќе пријатели на Инстаграм. Вели дека треба да објавуваат нешто барем еднаш во денот, да користат многу хештегови и да имаат одлични фотографии.

Неодамна покрена и Јутјуб канал за девојките, за луѓето малку подобро да се запознаат со нивните способности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ava Marie & Leah Rose (@clementstwins) on

“Не снимавме многу видеа досега, но планирам што повеќе да му се посветиме на каналот и да објавуваме повеќе видеа”.

 

Останати вести од Вистаграм