Промотер

Марија Шерифовиќ во новата песна „Добар ви ден“ порачува: „Среќна нека е новата година и онаа следната… Ако ја има“! (ВИДЕО)

Марија Шерифовиќ во новата песна „Добар ви ден“ порачува:  „Среќна нека е новата година и онаа следната… Ако ја има“! (ВИДЕО)

Иако новиот музички проект го најавуваше за есента 2023-та, неочекувано, регионалната музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ објави нова песна со необично име – „Добар ви ден“.


Една од најголемите, ако не и најголемата музичка ѕвезда зад себе ги остава успешните концерти, а покрај сите професионални обврски долго и темелно работи и на својот нов
албум. Јавноста пет години чекаше нов материјал, а на изненадување на многумина, Шерифовиќ објави нова песна, напишана од
Леонтина Вукомановиќ (музика и текст), а аранжирана, миксана и мастерирана од нашиот Дарко Димитров.

Марија смета дека публиката треба да зборува за овој проект и дека песната „Добар ден“ треба да биде упатена до сите оние луѓе кои како што вели таа живеат во свет кој наликува на џунгла. Во хаосот на неправдата, лагите, во свет каде што нема милост и разбирање за незаштитените.


„Добар ден за она што остана од вашиот живот, во густа мрежа од измами, масовна хипноза и лаги каде и да погледнете. Добар ден за вас во темнината, каде што само љубовта го осветлува животот и го покажува патот. Добар ден за вас во нова можност да заработите се што е освоено само со лична храброст и вашиот талент. Среќна нека е
новата година и онаа следната… Ако ја има!“ – пее Марија во одличната песна и уште подобрата визуелизација во видеоспотот кој како режисер го потпишува Милош Шаровиќ.

Проследете како звучи и изгледа кога Марија Шерифовиќ ќе ви посака… „Добар ви ден“ во видеот во продолжение (КЛИКНИ ОВДЕ):