Радио Милева
нова улога

„Покрај тоа што сум мајка, сепак сум Марија Шерифовиќ“: Пејачката отри кој најмногу и помага околу синот (фото)

„Покрај тоа што сум мајка, сепак сум Марија Шерифовиќ“: Пејачката отри кој најмногу и помага околу синот (фото)

Популарната пејачка Марија Шерифовиќ откри како нејзината мајка се снајде во новата улога.

Шерифовиќ ја започна турнејата наречена „Долази љубов“ во Загреб, каде што одржа концерт за паметење. Одлучила да одржи по еден концерт во секој град во регионот, но била на работ да се откаже од се поради фактот што станала мајка и сакала да му се посвети на синот:

– Знаете дека се ми се случи во претходната година, и за малку ќе морав да откажам се. Марио се роди пред три месеци и не знаев што ќе се случи со моето срце и душа. Размислував да земам боледување од една година. Но, сфатив дека јас, покрај тоа што сум мајка, сепак сум Марија Шерифовиќ, која пее и ги отвара очите на луѓето и ја дава душата на сцената. Едвај чекам да го видам и да го гушнам. Ќе останев во Загреб, но Саша Поповиќ го закажа снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.

Дали се јавивте на мајка ви за време на паузите да прашате како е Марио? 

Верица е со него нон-стоп. Не можам жената да ја избркам од дома. Таа е најлудата баба на светот  – откри Марија. 

Фото: printsrkin/instagram/serifovic

 

Останати вести од Радио Милева