Промотер

Кичевчаните „Inner Hate“ со „внатрешна омраза“ и „одмазничка порака“, но само во песната – „Vengeance will be mine“ (ВИДЕО)

Кичевчаните „Inner Hate“ со „внатрешна омраза“ и „одмазничка порака“, но само во песната –  „Vengeance will be mine“ (ВИДЕО)

Моќен риф, енергичен ритам и мрачен вокал склопени во композиција која е олицетворение на духот на денешното општество.

Гневот, бесот, неправдата со која секојдневно се соочуваме претставени во еден уметнички аудио израз преку кој се твори истовремено за стравот и надежта, омразата и храброста, принципите и беззаконието, вечната борба помеѓу две тврдини, два фронта, доброто и лошото.

Синглот „Vengeance will be mine” е во авторство на членовите од бендот: Горан Трајкоски (вокал и ритам гитара), Горазд Радески (гитара), Христијан Војнески (бас) Оливер Стојкоски (тапани).

Миксот и продукцијата на оваа композиција се на Христијан Ѓорѓиевски, а видео записот е дело на Montparnasse. „Inner Hate“ за кратко време ќе го издадат својот прв албум со наслов „Worthless throne”.

Во меѓувреме слушнете како звучи нивната „внатрешна омраза“ со „одмазничка порака“ во нивната – „Vengeance will be mine“: