Ништо лично
ништо лично

Градска фарма: Центарот на Скопје има коњ без принц, а еве што имаат Прилеп, Битола, Кичево, Кочани… среде центар (ФОТО)

Градска фарма: Центарот на Скопје има коњ без принц, а еве што имаат Прилеп, Битола, Кичево, Кочани… среде центар (ФОТО)

Се сеќавате на фотографијата од пред некој ден која најпрвин ги „поплави“ социјалните мрежи, а потоа и порталите, на која бел коњ слободно се шеташе по улицата пред „Рекорд“, среде строгиот центар на Скопје.

Принцот нормално, не се ни појави ни пријави, а коњот го снема исто како и што се појави. Со помош  на „Џипси меџик“, како во филмот на Столе Попов… И така центарот на Скопје доби коњ без принц, ама знаете ли што имаат останатите македонски градови како на пример, Прилеп, Битола, Кичево, Кочани… среде центар? Или тука некаде, во околината?

Прилеп на пример, иако ги има Ат Пазар и Марковите кули, а кралот Марко бил познат по својот коњ Шарац, ама бел „ат“ среде Прилеп нема. Затоа има бело Југо со 45 коња и коза или поточно прч, одозгора на багажникот!

Битола отсекогаш важела за покултурна. Ги има село Кравари и Битолска млекарница, па следствено на тоа, логично е да има и крави… И тоа среде улица, на дупла полна! За да изгледа дека битолскиве „пасат асфалт“!

Во Кичево ниту коњи, ниту крави… Градот е полн со овци! Ги има и вакви и такви… И црни и бели! Објективот ги начекал, оние белите и тоа нестрижени… Сега ги носат на стрижење, среде центар! Ко божем на бербер или на фризер ќе ги стрижат, па мора да поминат низ строгото градско јадро, покрај сите кафулиња!?

Сите си имаат по некое домашно животно среде град, ама како Кочани што има, никој нема… Живо е, ама не е класично домашно животно иако има афинитети, па слободно може да добие прекар и по некој од ликовите од стриповите или филмовите…

Човек-лилјак или Бетмен, Човек-пајак или Спајдермен, Супермен… Некој „мен“ е сигурно, ама според постапките кришум да му се качи на покрив на таксистот и така легнат на неговото такси инкогнито да се вози како „слеп патник“  до дома… Мора да е… „МЕНтален“!

 

Останати вести од Ништо лично