Мегафон

Пладневно матине на македонските новинари со Јурица Паѓен

Пладневно матине на македонските новинари со Јурица Паѓен

Овој петок, 23-ти февруари 2024 во Градска кафеана Пелистер, од 11.45 до 12.45 часот Croatia Records Makedonija Ве поканува на пладневно матине со Јурица Паѓен, фронтмен на легендарниот загребски состав „Аеродром“ и некогашен повремен член на култната „Азра“ на Џони Штулиќ.

На средба со новинарите ќе бидат претставени двете актуелни изданија на Јура и „Аеродром“, објавени под етикета на Croatia Records – студискиот албум „Дневни ритуали“ и колекција хитови „Greatest Hits Collection“.

Јурица Паѓен на музичката сцена е повеќе од 50 години. Членувал во „Група 220“, „Парни ваљак“, „Азра“…, бил дел од „Севдах шатл бенд“ на Џони Штулиќ, снимил неколку соло-албуми, соработувал со многу музичари од регионот…, но главниот дел од кариерата и го посветил на групата „Аеродром“. Ги паметиме хитовите – „Фратело“, „Обична љубавна пјесма“, „Дигни ме високо“, „Стави праву ствар на право мјесто“, „Што си у каву ставила“…

Голем пријател на групата „Леб и сол“, уште од осумдесеттите, кога служел војска во Скопје, Паѓен ќе не потсети на убавите времиња во градот во кој го поминал дел од својот живот, а на 24-ти февруари во сабота ќе настапи на концертниот спектакл „Памтим само сретне дане“ во Македонска филхармонија.