Ништо лично
Тага до небо, образ - ѓон...

Владата немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, но затоа другите имаа: ТВ емисиите од забавен карактер – откажани, настаните и концертите – одложени!

Владата немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, но затоа другите имаа: ТВ емисиите од забавен карактер – откажани, настаните и концертите – одложени!

Убиството на малата Вања и фризерот од Велес како никогаш до сега ја потресоа јавноста… Ама и ја кренаа на нозе. Тага до небо, болката не стивнува, гневот и бесот од направениот злостор не сопираат и не треба. Општество без морални норми, со урнат систем на вредности, со уништени елементарни човечки особини… Срам, образ, емпатија, љубов, сочувство, хуманост… Наместо нив, само алчност, омраза, блуд, пороци, бескруполозност, извретни вредности… Врвот е дно, а на врвот – оние од дното!

Зашто да беше барем малку поинаку по се’ што се случи овие денови, после ваквиот траор и колективна болка, да се имаше барем малку совест и доблест вчерашниот, па и денешниот или утрешниот ден, ќе беа денови на жалост, а не понеделникот да биде ден за средба за пазарање изборен датум, кој никому нема да му избега и ден порано или подоцна изборите секако ќе бидат закажани. Арно ама…  елементарните карактерни и пред се човечки особини, одново откажаа. И тоа кај оние кои во вакви моменти треба да бидат и најдоблесни и најсовесни… Зашто само два збора израз на сочувство – се далеку од доволни! Тага до небо, образ – ѓон!

Едноставно политиката немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, но затоа  другите имаа. ТВ емисиите од забавен карактер – откажани, настаните и концертите – одложени. Зашто ако имате барем тронка чувство на емпатија, барем парче душа пред ваква трагедија, не ќе имате совест да се однесувате како ништо да не се случило. Особено ако професијата ви е да ги забавувате масите, а  никому не му е до забава. Тоа бргу го сфатија повеќето или речиси сите од естрадно-забавниот свет иако повеќето не веднаш…

Така уште вечерта, во неделата на 03.12.2023 околу 21.00 часот, кога беше соопштена трагичната вест за убиството на малата Вања, речиси ниту една телевизија не ја прекина програмата. Јавноста во истиот момент шокирана и збунета, ама затоа не и програмските директори или уредници, па на програмите и понатаму си продолжија да одат „Никогаш не е доцна“, турски серии, „Ај ДЈ шоу“… Стварноста не може да биде покрвава и потраорна, ама „шоуто мора да продолжи“!?

Кога и на Владата не и текна дека ако не повеќе барем достоинствено е трагедијата да ја одбележи со еден ден жалост, на таква почит се сетија оние кои ги продуцираат, подготвуваат и водат емисиите од забавен и музички карактер, организаторите на разни ивенти и настани од таков тип, пејачите своите музички промоции, сопствениците на локалите каде беа закажани настапи на домашните и музичките изведувачи од соседството… Некои од нив и со соопштенија на социјалните мрежи образложија дека не е момент за емисии со збавно-музички содржини, дека настаните и настапите се откажани или пролонгирани.

Така на пример најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“  јго откажа емитувањето на своето понеделничко издание.

Водителот на „Голден карпет„ Миро Кацаров обзнани дека: „Порадо монструозниот и психопатски чин кој не доведе до шок, тага и неверување, забавна содржина од ‘Голден карпет’ нема да се објавува до четврток“… А можеби и повеќе?!

Водителот  на ток шоуто „Јади бурек“ вчеравечер исто така  во живо се вклучи на својот Фејсбук профил на социјалните мрежи и соопшти дека емисија нема да има.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jingle TV (@jingle.tv)


Некои од забавните емисии како оние што одат на интернет телевизијата „Џингл ТВ“, тотално ги преобразија и адаптираа своите програмски содржини во склад со немилите настани и ситуацијата.

Својот ивент, настанот на магазинот „Убавина и здравје“ за доделување на наградите на најдобрите инфлуенсери во 2023 година, насловен „Influencer awards 2023“,  кој требаше да се одржи на 06.12.2023 год. тие како организатори го откажаа и одложија за понатаму.

Истотот се случи и со мноштвото закажани настапи на домашните и некои музички изведувачи од соседството, кои беа закажани деновиве. истите или се целосно откажани или пролонгирани за понатаму.

Кога веќе власта не покажа „душа“ кон една детска, насилно и прерано згасната душа, покажаа барем оние кои се задолжени за некои посреќни времиња.

Нека ти е светол патот кон вечноста, мал ангелу!

Фото: Instagram i Facebook printscrean

Останати вести од Ништо лично