Радио Милева
весело

Мартин „Некст Тајм“ се женеше: Ечеше во Кичево, младоженецот качен на тапан, а брат му лепи бакшиш (фото)

Мартин „Некст Тајм“ се женеше: Ечеше во Кичево, младоженецот качен на тапан, а брат му лепи бакшиш (фото)

После ергенската забава во Париз, очекувано следеше и големиот свадбен ден за гитаристиот на „Некст тајм“, Мартин Филиповски кој „рипна во тевче“.

Мартин и Андра и официјално се во брак, откако си се ветија еден на друг пред Бога во манастирот „Св. Богородица – Причеста“ во Кичево, а ставија и потпис во матично.

Како што налага традицијата, зетот отиде по невестата во нејзиното родно Кичево каде ечеше свадбарска музика. Зетот качен на тапанот, а неговиот брат Стефан до него лепеше пари на музичарите.

Се вртеше оро, се пееше и наздравуваше во име на љубовта на младите кои по осум години врска решија да стават прстени.

По регистрацијата и црквената венчавка се случила и мала прослава во еден кичевски ресторан каде присуствувале најблискте.

Како што дознава Вистина, свадбена забава се подторвува и во Скопје, а ќе се случи наредниот викенд во кругот на најблиските.

За потсетување,Мартин ја побара раката на Андреа минатиот септември на неговиот роденден. Тие неколку години ја одржуваа врската на далечина поради професионалните ангажмани на ракометарката во странство.

Андреа Белеска беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден, грчкиот ПАОК.

Честитки!

фото:Фејсбук/Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева