Мегафон
пред своја публика

По долго време, Лозано со настап пред своите кичевчани: Му фали да пее дома! (ФОТО)

По долго време, Лозано со настап пред своите кичевчани: Му фали да пее дома! (ФОТО)

По подолго време, популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано ќе настапи во својот роден град – Кичево на 19-ти овој месец, поточно во овој петок.

Моментално најголемата музичка ѕвезда во Македонија, па пауза од три години повторно ќе пее пред своите сограѓани.

Лозано вели дека настапот пред кичевската публика му е особено драг, но дека е различен од сите останати.

– Сум пеел во сите градови во Македонија, на големи фестивали во Европа, сум настапувал на Евровизија, но онаа позитивна трема највеќе ја имам кога настапувам пред моите кичевчани. Искрено, едвај чекам да дојде петок и заедно со мојот бенд да направиме забава за паметење – кусо но изјави познатиот пејач.

Инаку Лозано ќе настапи во „Атва ресиденс хотел“, еден од најубавите угостителски објекти во Западна Македонија.