Радио Милева
„снајди се, па живеј“

Од временски неприлики до непријатност среде настап: На Северина не и тргна одрака, прво и „падна“ фризурара, а потоа незгодно беше и со панталоните (видео)

Од временски неприлики до непријатност среде настап: На Северина не и тргна одрака, прво и „падна“ фризурара, а потоа незгодно беше и со панталоните (видео)

Северина доживеа непријатен момент за време на настапот во Минхен. Имено, за време на изведбата на тринаесеттата песна и пукнале панталоните од латекс.

Откако на социјалните мрежи откри дека и се скинале панталоните за време на настапот, Северина потоа сподели видео од тој непријатен момент.

„Приказна пред спиење… Знаете, му шепнав на Хенри дека ми се искинаа панталоните и дека треба да ми го даде сакото затоа што подот се лизгаше поради кондензација, што е идеално за салто, за што се плашев дека може да се случи)… Поздрав до машиновозачот. Каков рокенрол“, напиша Севе на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Северина за настапот во Минхен избра црни панталони од латекс и розов топ.

„Вака изгледав синоќа пред концертот во Минхен, фризурата ми падна на третата песна, а панталоните паднаа на тринаесеттата песна, но насмевката беше постојана до последната песна“, напиша таа споделувајќи фотографии од аутфитот од настапот.

фото:Instagram printscreen/ severina

Останати вести од Радио Милева