Радио Милева
незадоволен

По информацијата за лошата здравствена состојба се огласи и Кеба: Еве како се чувствува сега (фото)

По информацијата за лошата здравствена состојба се огласи и Кеба: Еве како се чувствува сега (фото)

Со денови се шпекулира дека пејачот Драган Којиќ Кеба е во лоша здравствена состојба поради кардиоваскуларни проблеми. Во оваа прилика пејачот објави дека информацијата е неточна и дека никогаш не се чувствувал подобро.

Во студио сум, снимам две нови песни кои ќе ги објавам наскоро и тоа е единственото нешто што ме интересира во моментов. Се чувствувам одлично и немам некои поголеми здравствени проблеми и да бидам искрен не знам кому толку му е гајле да ме влечат по медиумите на таков грд начин. Разбирам дека се важни насловите и кликовите на порталите, но невкусно е да се пишуваат дезинформации за нечие здравје, а во мојот случај оваа информација е 100 % невистинита. Благодарност до сите добронамерни луѓе и пријатели ширум светот кои ми се јавуваат и се интересираат за моето здравје – изјави Којиќ.

Фото: Принтскрин/Алекса Станковиќ/ Тв Пинк/Медиа центар Београд

Останати вести од Радио Милева