Живот и Стил

Постојано го фрлате, а делот од овој зеленчук го штити вашето срце, го намалува холестеролот…

Постојано го фрлате, а делот од овој зеленчук го штити вашето срце, го намалува холестеролот…

Моментално во тек е сезоната на младиот кромид и затоа искористете ја можноста и јадете го секој ден.

Зелениот дел од младиот кромид никако не треба да го фрлате затоа што во него се наоѓаат состојки кои се одлични за нашето здравје.

Младиот кромид е богат со витамини и минерали и одличен е за заштита на здравјето. Има антибактериски својства и штити од воспаленија, помага при настинки, а добар е и за подобрување на системот за варење. Содржи витамини А, К и Ц, додека од минерали содржи фосфор, калиум и калциум.

Зошто е добро да јадете млад кромид?
Го штити срцето – полн е со антиоксиданти кои го штитат телото од оштетувања предизвикани од делувањето на слободните радикали. Покрај тоа, младиот кромид го одржува крвниот притисок во границите на нормала и го намалува ризикот од создавање на крвни грутки.

Одличен е за видот – штити од воспаленија и го намалува ризикот од очни заболувања. Содржи многу витамин А којшто е неопходен за добар вид. Само еден кромид содржи околу три отсто дневна потреба за витаминот А.

Ги јакне коските – витамините Ц и К со кои изобилува младиот кромид се одлични за заштита на коските. Само едно кромитче содржи околу 2о отсто од препорачаната доза на витаминот К и околу два отсто витамин Ц. И едниот и другиот се важни за густината на коските. Недостатокот на овие витамини ги зголемува шансите за развој од остеопороза.

Го намалува холестеролот – младиот кромид има голем број на супстанции кои го намалуваат лошиот холестерол во крвта. Неговиот зелен дел е многу здрав и покрај тоа што помага во намалување на холестеролот одличен е за враќањето на зголеменото ниво на шеќер во нормала.

За поубава кожа – му помага на телото да произведе колаген којшто е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е заслужен за забавување на настанување на брчки на лицето и се наоѓа во многу од кремите.

извор:точка.ком.мк