Вистаграм

Едноставно, а толку ефектно и моќно! „Сирена очи“ се новиот бјути тренд: Социјалните мрежи се преплавени со овој метод – еве зошто

Едноставно, а толку ефектно и моќно! „Сирена очи“ се новиот бјути тренд: Социјалните мрежи се преплавени со овој метод – еве зошто

Трендот на „сирена очи“ кој ја нагласува издолжената форма на очите е хит на социјалните мрежи, а се постигнува на едноставен начин. Акцентот е на точката што се наоѓа токму во внатрешниот агол на окото, покрај солзниот канал.

Иако шминкањето на очите до солзниот канал не е нешто ново, овој тренд сепак носи новина, а можете да го испробате на многу различни начини со нагласување на линијата со одредени бои, или со неповрзана коса црта, па дури и со само продолжување малку подалеку за победнички ефект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carolina Gonzalez (@cgonzalezbeauty)

А дека овој тренд не ги заобиколи познатите, сведочи и актерката Хајли Стајнфелд. Таа неделава имала впечатлива шминка која ја креирала нејзината шминкерка Каролина Гонзалес.

Познатата шминкерка Ники, создала прекрасно мазна продолжена подлога до солзниот канал за моделот Преш Ли. Ова е еден суптилен, но ефикасен пристап за трендот што можете да го испробате сами дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikki_Makeup (@nikki_makeup)

Овој тренд го испробала и Дуа Липа. Нејзината шминкерка Исамаја Френч создала ефектна шминка, која била надополнета со нејзината целосно црна облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Извор:Точка.мк

Останати вести од Вистаграм