Радио Милева
ионстаграм тренд

Познатите Македонки се пуштија во потрага на своите двојнички: Овој пат Анастасија Деа и Александра Јанева се гледаат во ликот на овие светски ѕвезди (фото)

Познатите Македонки се пуштија во потрага на своите двојнички: Овој пат Анастасија Деа и Александра Јанева се гледаат во ликот на овие светски ѕвезди (фото)

Кога на социјалните мрежи ќе се постави одреден предизвик, тогаш инстантно станува тренд кој повеќето сакаат да го пробаат.

Еден таков беше со објавувањето на фотографии од детството, потоа такви од пред 10 години, апликации како би изгледале постари и сл…

Сега, пред крајот на годината на профилите од социјалните мрежи кружи нов тренд на Инстаграм, односно пронаоѓање двојници низ познатите. Па така, нашите познати Македонки не останаа имуни да бидат дел од ова и да покажат или да се пофалат со кои светски убавици некогаш им кажале дека физички потсетуваат една на друга.

Прва која почна беше Миа Костова за која многупати досега ја споредувале со Наташа Беквалац, па и со Тамара Тодевска, а таа сега додаде дека споредба имало и со ликот на легендарната Мерилин Монро и пејачката Гвен Стафани.

Сега своите сличности со познатите за кои и рекле дека потсетува беше и новинарката и водителка Анастасија Деа Илиевска која смета или сметаат дека е има физичка сличност со актерките Џенифер Лопез, Блејк Лајвли и Шерон Стоун.

Да си поласка или само да покаже дека и спомнале дека личи на некоја позната дама, беше и струмичанката Александра Јанева.

Пејачката смета дека е легитимно да ја објави славната четворка дами на кои таа наликува, а тоа се: Џанифер Лопез, Цеца Ражнатовиќ, Ева Лонгорија и Адел.

Дали и Вие гледаде сличност како што велат тие? Oд горе наведеното излезе дека и Деа и Александра се пронајдоа во ликот на Џеј Ло, па оттука и дека двете си личат, а дали е тоа така останува се’ на индивидуалната перцепција.

фото: Instagram printscreen/ anastasiia_dea/ miandrija/ aleksandrajanevaofficial

Останати вести од Радио Милева