Промотер

Андријана Јаневска влезе во финале на интернационалниот музички натпревар на „Зада рекордс“ со баладата – „Broken hearted me“ (АУДИО)

Андријана Јаневска влезе во финале на интернационалниот музички натпревар на „Зада рекордс“ со баладата – „Broken hearted me“ (АУДИО)

Она што лично деновиве ја израдува Андријана Јаневска, а и нејзините фанови и следбеници е веста дека стана единствениот изведувач од Македонија кој влегол во финалната селекција на Zada records – мала продуцентско-промотерска и издавачка куќа во сопственост на композиторот Норман Зада.

Како што велат имаат значителен буџет за промовирање нови таленти, а  овој натпревар им го олеснува учеството и им дава можност на идните ѕвезди да заработат пари и да добијат значително признание дури и ако не победат. натпреварот лесно може да се претвори и во ТВ шоу. Ќе бидат доделени пет награди: 25.000 долари за првопласираниот, 10.000 долари за вториот и 5.000 долари од трето до петто место.

Андријана Јаневска на овој натпревар конкурирала со песната   испеана на англиски јазик: „Broken hearted me“, балада стилски налик на оние кои ге пееа една Мараја Кери или Витни Хјустон, со која успеа да влезе меѓу малкуте финалисти.

И додека таа го очекува понатамошниот исход со нетрпение, ние пред да и посакаме успех во ова натпреварување, а зошто не и победа на нашата Андријана Јаневска, слушнете како звучи нејзината балада „Broken hearted me“ во продолжение: