Радио Милева
риба и пол

За Андријана Јаневска костимот за капење се носи и во зима, за неа има каде, а и зошто (фото)

За Андријана Јаневска  костимот за капење се носи и во зима, за неа има каде, а и зошто (фото)

Андријана Јаневска не ретко добива комплименти дека е една од најзгодните познати мајки, а тоа не може да не се забележи. Кога нешто е убаво, вреди и да се види и покаже, но исто така и да се одржува.

Дека Андријана е риба и пол и на суво, не треба многу да се зборува, долгоногата виолинистка е подготвена за секој предизвик, особено кога е спортскиот дух во прашање.

За Андријана не мора да биде лето за таа да се активира со пливање. Тука се затворените базени кои се нејзината зимска пливачка опција.

Костимите за капење не и се спакувани во летната облека, туку за неа стојат постојано на видик, за мотивација и константна активација.

Дека пливањето е нејзина алтернатива за одржување на линијата, здравјето, кондицијата, позитивната енергија, покажа во една од своите последни фотографии на Инстаграм каде од гардеробата позира во костим за капење.

Иако е мајка на две дечиња, пејачката има линија како од насловниците на модните магазини. Тело – вретено, долги нозе како за на модна писта и сите останати атрибути.

Пофалбите и овој пат заслужено се на нејзина сметка.

Останати вести од Радио Милева