Радио Милева
На која подобро и стои?

Вера Мештеровиќ и Андријана Јаневска во црвено елегантно издание на Златна Бубамара (фото) 

Вера Мештеровиќ и Андријана Јаневска во црвено елегантно издание на Златна Бубамара (фото) 

Вчеравечер, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа 27-то  издание на „Златна Бубамара на популарноста“ на која присувствуваа голем број на јавни личности од светот на повеќе сфери, музиката, глумата, спортот…

Таму беа и македонските убавици, познатите водителки од ТВ екраните и пејачките кои на нивните профили на социјалната мрежа веднаш се пофалија со стајлингот околку кој посветиле посебно внимание, а впечаток оставија Андријана Јаневска и Вера Мештеровиќ кои и двете се одлучиле за црвени тоалети.

Вера Мештеровиќ некогашната мисица и модел, а сега актуелна ТВ водителка беше елегантна како и секогаш, па блесна во црвената креацијата која одлично и стоеше и  дополнително ја истакна нејзината  убавина.

Вера објави заедничка фотографија со нејзината ќерка Јована со која заедно се фотографирале додека ја следеле Златна Бубамара па позирале и пред камерата на мобилниот телефон.

Царвената боја беше изборот и за македонската пејачка Андријана Јаневска  и на овогодинешното издание како и минатата година, а додека таа беше на сцената за време на манифестацијата од публиката ја фотографираше ТВ водителката Марјана Станојковска која ја сподели и на нејзиниот  Инстаграм профил.

Тие заедно седеле во публиката  па направиле и една заедничка фотографија  за спомен.

Ова беше нивната комбинација во која случајно или не ја погодиле  нијансата, а чиј моден избор повеќе ви се допаѓа, останува ваше.

Фото: printskrin/instagram/zlatnabubamara/marjanamay/veramesterovic

Останати вести од Радио Милева