Радио Милева
една желба помалку

„Поглед кој остава без здив!“: Андријана Јаневска замина во странство и се воодушеви од она што го виде (видео) 

„Поглед кој остава без здив!“: Андријана Јаневска замина во странство и се воодушеви од она што го виде (видео) 

Македонската пејачка Андријана Јаневска замина на патување во Лозана, Швајцарија.

Таа сподели фотографии со нејзините синови Димитар и Кристијан кои заминале заедно со неа, а во описот напиша:

„Поздрав од прекрасната Швајцарија“.

Но бидејќи таа освен што е музички талентирана исто така е и голем авантурист.

Па така, овој пат она што и го привлече вниманието беше  патувањето со воз низ Швајцарија кое со задоволство го сподели со јавноста.

– Патување со воз низ Швајцарија…  Поглед кој остава без здив!  – стоеше во објавата која ја постираше на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Позитивната енергија се чувствува уште од далеку, а магичниот поглед од возот во кој уживале навистина маѓепсува.

Во позадина таа ја додала и  класичната симфонијата „Winter“ , за комплетно да го долови целосното доживување.

– Патување со воз разгледница!  – се надополни таа и во следната нова објава со која потврди дека навистина премногу се воодушевила.

Дека пејачката ги наполнила батриите е повеќе од сигурно, а желбата за патување со воз низ  убавата Швајцарија сега и е веќе остварена.

 

Останати вести од Радио Милева