Промотер

Андријана Јаневска одново во соработка со странски автор, овој пат ја отпеа баладата – „Longings“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Андријана Јаневска одново во соработка со странски автор, овој пат ја отпеа баладата – „Longings“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Македонската виолинистка, пејачка, автор и педагог Андријана Јаневска, не престанува да биде активна во професијата. По последната своја авторска песна „Летај“, чиј комплетен автор (музика, текст и аранжман) е самата таа, а која ја промовираше неколку дена пред карај на 2020-та година, сега одново отпеа нова тема.

По ланското учество во проектот „Togeather is beautiful “ на „Планетарниот оркестар“ во кој учествуваа музичари од СИТЕ 197 земји во светот, а таа беше претставена како виолинистка од Македонија и соработката со американскиот музички продуцент и ДЈ – Jawfre, во необичната тема, во модерен техно-денс ритам, отпеана на на англиски јазик со наслов „Take me“,  Андријана Јаневска одново соработува со еден странски автор.

Имено, овој пат во прашање е нејзината нова песна „Longings“ отпеана на Англиски јазик, во соработка со германскиот композитор Tonio Th. Fruehauf. Тема која всушност преставува една прекрасна акустична балада, обоена само со звуците на клавирот и сугестивниот моќен и прецизен вокал на Андријана.

За песната е направено и едноставно лирик видео во кои се испишани стиховите, а овој свој најнов проект Андијана Јаневска самата го најави и промовираше деновиве на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Во продолжение преслушајте како звучи македонската врвна музичка и вокална уметница во изведбата на темата „Longings“: