Радио Милева
сеќавања без заборав

Калиопи пред камери проговори за тешките моменти кога го изгубила гласот, а лекарите среде операција наишле на феномен (видео)

Калиопи пред камери проговори за тешките моменти кога го изгубила гласот, а лекарите среде операција наишле на феномен (видео)

Нашата поп дива Калиопи годината зад нас ја заврши со многу интервјуа за домашни и регионални медиуми, почестени бевме и ние со едно ексклузивно интервју за Вистина.ком.мк, а сега Новата 2024 таа повторно ја почнува со исповед пред камери во шоуто „Еден на еден“.

Зборуваше за многу нешта кои водителот Жаре ја потпраша, од кариера до приватност со сегашноста и минатото, а меѓудругото таа откри и за тешкот период од нејзиниот живот кога живеела во Швајцарија, се уште била со презиме Грил, односно во брак, а тoгаш поради силни стресови се случило психосоматски да почне постепено да го губи своето најсилно оружје- гласот.

-Имав сериозен проблем психосоматски, почнав постепено да го губам гласот и за голема среќа што во тој период живеев во Швајцарија. Во Базел постоеше и се уште постои доктор Јозеф Сопко, голем стручњак, оториноларингологист, хирург и професор на Универзитетската клиника во Базел и бев на консултации со повеќе доктори и секој од нив ми велеше одете кај професор Сопко. Дефинитивно тој се обиде низ пат на некои терапии, месец, два, доаѓам и ме гледа, госпоѓо Грил јас не можам да ве излечам, зашто не можам да ја излечам вашата душа. Тој го гледаше тоа задебелување на десната гласна жица и реши да го среди тоа со ласер на операција. Кога се разбудив од операција многу ми беа тешки тие моменти бидејќи гласот ми беше мене се’. Значи буквално се’! Вториот ден кога се разбудив дојде сестрата и ми рече дека професор Сопко ме очекува во неговиот кабинет, не смеев да зборувам. Доаѓам таму и тој ми вика, госпоѓо Грил, ние вашата операција ја снимавме, затоа што наидовме на еден феномен, рече задебелувањето го тргнавме, ќе бидете добро, гласот ќе ви се врати ама вие имате дупла гласна жица. Мојата десна гласна жица е дупла. Она што тие го снимиле ме замоли дали ќе може да го презентираат на некој симпозиум, бидејќи такво нешто во неговата кариера немал видено. Бидејќи јас не сум знаела да се справам со стресот, тој удрил таму каде што сум најосетлива, се присети Калиопи на деновите кои не може да ги заборави.

Видео извадокот на овој дел од интервјуто во „Еден на еден“ погледнете го во продолжение:

фото:You Tube printscreen/ Eden na Eden

Останати вести од Радио Милева