Ништо лично
ништо лично

Венко Филипче на ТВ Сител конкретно не одговори на ниту едно прашање: Министер за молк и манипулации! (ВИДЕО)

Венко Филипче на ТВ Сител конкретно не одговори на ниту едно прашање: Министер за молк и манипулации! (ВИДЕО)

Вчеравечер, 1-ви ноември 2020, министерот за здравство Венко Филипче беше гостин во централното издание на вестите на ТВ Сител. Ама така и се однесувше… Како да е гостин кој дошоол кај комшиката на кафе. И додека ни се случува најголемата катастрофа, коронавирусот секојдневно коси двоцифрен број човечки животи, бројот на зболени стана и четирицифрен, болниците се пребукирани, лекарите и здравствените работници уморни и исцрпени на измакот на силите, здравството на колена… ама Владата и нејзиниот ресорен министер „ни мачкаат очи“ дека се’ е под контрола, дека се си тече по вообичаениот ред, никој не е вратен, никој не е одбиен… Само вие носете маски и држете дистанца… Ако можете и од самите себе. А, всушност тие се на дистанца и од народот и што е најстрашно, најмногу од здравиот разум.

Протоколи, мерки, препораки, забрани… и пак ништо. Бројот  на позитивни секојдневно вртоглаво расте. Забранија музики, редуцираа работа на локали, затворија граници – џабе… Не ќе да било до тоа! Тогаш до што е министере? Што тоа е труло во вашите таканаречени протоколи? Маски и на капење и на спиење ставаме, ама очигледно не помагаат. Се отуѓивме едни од други, заборавивме да се однесуваме, социјално да општиме, да се гушкаме, радуваме… И пак ништо! Катаден се повеќе умираме. Во секој поглед! А власта и политичката и здравствената и понатаму експериментира по принципот: отвори-затвори! Во меѓувреме се повеќе тонеме. И здравствено и економски!

И кога ќе го прашете Филипче каде оди работава, зошто е вака, дали треба можеби поинаку, што не функционира, зарем не треба нешто да се промени… Одговорот е еден ист. Како расипана плоча, која постојано прескокнува и го повторува истото. Едната иста фраза: „Ситуацијата е под контрола“! А ниту е, ниту пак контролорите „се под контрола“.  Напротив, без компас, без визија, без агенда, без сопствен протокол кога, каде, како што, колку, до каде…?  Стихијно, од денес за утре, и така во круг!

Затоа Венко Филипче на вчерашното интервју во вестите на ТВ Сител зборуваше половина час, а ништо не кажа. Не даде ниту еден конкретен одговор на дузина јасни и конкретни прашања. Или невешто го избегнуваше одговорот кој го нема или вешто вртеше како „киша око Крагујевца“ што би рекле северните соседи или се вртеше како „п*деж во гаќи“ – што рекол нашиот народ, едвај чекајќи што побргу да стане од жешкото столче.

А новинарите не го прашаа како се лечи корона, туку му ги поставија елементарните прашање, оние што сите нас секојдневно не загрижуваат, секираат, оптоваруваат, плашат? Она што се слаби страни на системот кој не функционира, кој  чкрипи и е тотално зарѓан, кој се распаѓа по сите основи… А со него и нашето здравје, нечии животи, цели семејства… Систем кој го плаќаме од наши пари, а за возврат добиваме едно големо ништо! Па одново за свои „екстра пари“ трчаме да спасиме жива глава!

И веќе на сите им станува јасно дека нешто е „труло и болно“ во системот и оние кои го водат. Јасно му е и на народот и на новинарите, на сите… И на оние кои во март и април на Филипче му аплаудираа по балкони и тераси и на оние кои  Филипче, Заев и системот ги сметаат за „опозициони“ новинари, платени да им прават опструкции и уриваат, но и на оние, таканаречените „режимски“ новинари, кои ги плаќаат да ги бранат… Ама што да бранат кога нешто ниту е за бранење, ниту може да се одбрани, бидејќи нивната одбрана значи сопствено самоубиство! И не само во професијата, зашто цената се плаќа со здравјето, со животот…

Можеби најдобра илустрација се два поста споделени од новинари од „два различни табора“ на социјалната мрежа Фејсбук, кои станаа вирален хит. Првиот на новинарката на А1он.мк, Мери Јордановска. Петнаесеттина круцијални прашања од неа до министерот Филипче и само еден ступиден одговор од неговиот ПР.


Вториот на новинарот и водител на ТВ дневникот на ТВ АЛФА, колегата Лазар Темелков, кој целиот циркуз и неговите главни актери  драмски го опишал во својот споделен статус насловен: „Борецот против круната“:

„Се редеа аплаузи во првиот чин на трагикомедија, која како ” зараза” се ширеше меѓу публиката. Пристојно одиграната улога на “главниот глумец” не остана ненаградена. Публиката “животно” заинтересирана да го види “среќниот крај” во борбата со “круната”, немо го гледаше пелтечењето на “главниот актер”, кое се засилуваше во секој следен чин, предизвикано од “експоненцијалниот” раст на нови и нови “статисти” на сцената. Престанаа овациите од “балконите” . Пристрасните критичари утредента излегоа со наслови во медиумите: “Публиката не знаеше да ги препознае импровизациите на актерот”. Токму спротивното! Ликот од приказнава се’ уште е на сцената. Трагикомедијата опстојува со однапред поделени билети на се помалубројните вљубеници во работата на изветвениот актер“.

<

Зарем после сето ова, не станува многу појасно зошто Венко Филипче седеше како нем… Зборуваше, а подобро да молчеше. Одговараше на прашањата, на кои во неговиот одговор, всушност нема одговор. Небаре е министер за молк и манипулации! Од шупливо во празно, сведувајќи ја целата приказна на „матичните лекари“ кои се претворени во „оператори на задравствен кол центар“, принудени да лечат преку телефон… Додека „линијата со реалноста“ и на министерот и комплетната власт, очигледно е во прекин… на неодредено. Прекин кој трае, додека трагикомедијата опстојува… За жал по цена на нашето здравје, нечии животи!

Останати вести од Ништо лично