Промотер

Тијана на националниот избор на Србија за песна на Евровизија со – „Мамим“ (АУДИО)

Тијана на националниот избор на Србија за песна на Евровизија со – „Мамим“ (АУДИО)

Нашата Тијана Дапчевиќ оваа година по втор пат учествува на Националниот избор на Србија за песна на Евровизија. Српскиот национален сервис РТС ги објави сите песни кои се натпреваруваат. Автори на песната на Тијана насловена „Мамим“ се Ана Радоњиќ позната како Зое Кида која ги напишала музиката и текстот, додека аранжманот го потпишува  Андрија Гавриловиќ. Зад целиот концепт за настапот стои Јаан Амир Алиќ, еден од најдобрите пријатели на Тијана.

Инаку, вкупно 32 учесници ќе настапат во две полуфинални евровизиски вечери закажани за 1-ви и 2-ри март, по што ќе биде избран годинешниот претставник на Србија за Евросонг 2023.

Како звучи песната „Мамим“ на Тијана Дапчевиќ слушнете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):