Мегафон

Спектакуларна сцена за доделувањето на МАС наградите

Спектакуларна сцена за доделувањето на МАС наградите

Шест поврзани подвижни бини, повеќе од 800 квадратни метри простор на сцените на кои најголемите ѕвезди од регионот ќе ги изведуваат специјално осмислените настапи, најсовремени ЛЕД екрани кои ќе се склопуваат и расклопуваат во воздух, 1 200 светлосни тела и досега најголемо ласерско шоу кога било изведено на овие простори – така накусо би можела да се опише атмосферата на претстојниот MAC, што ќе биде одржан на 27 јануари во Штарк арената.

Продукцијата на манифестацијата Music Awards Ceremony ќе биде уште помодерна и пораскошна од лани, најавуваат организаторите од Скајмјузик и ветуваат спектакл за гледачите во Арена, како и за сите оние кои манифестацијата ќе ја следат на телевизиските екрани во шесте земји учеснички: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Словенија.

Комплетната опрема на Скајмјузик, познат по техничката продукција на концерти на домашни и светски ѕвезди, ќе биде прикажана на настанот во полн сјај.

Каскадно поставените бини со подвижни елементи и самите ќе се „движат“ по просторот во Арена.

Специјалните сценски ласери на најпознатиот светски произведувач Квант, кои досега се гледани само на најпрестижните светски манифестации како филмскиот фестивал во Кан и на Евровизија, ќе бидат користени на MAC церемонијата.

Најавени се повеќе од 1 000 квадратни метри ЛЕД екрани, преку 1 200 интелигентни светлосни тела, пиротехника од последната генерација, а сето ќе биде инсталирано на неверојатни 400 моторни дигалки, а на MAC продукцијата лимит ѝ претставува само носливоста на покривната конструкција на Штарк арената.

Специјално осмислени и режирани настапи на MAC ќе изведат Лепа Брена, Јелена Розга, Сенидах, Буба и Џала, Нина Бадриќ, Калиопи, Тончи Хуљиќ, Невена Божовиќ, С.А.Р.С., Балканополис, Мањифико, Who See, Сара Јо, Оливер Мандиќ, Александра Радовиќ, а во план е и специјален заеднички настап на 11 рап и поп музичари со актерот Виктор Савиќ.

Свеченото доделување на наградите на MAC 2020 ќе трае околу три часа, а церемонијата ќе ја пренесуваат најгледаните телевизии во сите земји учеснички. Гледачите од Србија ќе можат да ја следат манифестацијата на програмата на ТВ Пинк, во Хрватска на ТВ РТЛ, емитер во Црна Гора е РТЦГ, во Северна Македонија Канал 5, во Босна и Херцеговина РТРС и ФТВ, а во Словенија ТВ3.

Преносот во живот од MAC килимот почнува во 19:30, а преносот од манифестацијата почнува во 21 часот.