Теја Дора го копирала настапот на Карлеуша, се огласи менаџерот на Белградската „мала од скандала“ (фото)

5 Мар , 2024 Радио Милева

Теја Дора го копирала настапот на Карлеуша, се огласи менаџерот на Белградската „мала од скандала“ (фото)

Пејачката Теја Дора триумфираше на Евровизија и ќе ја претставува србија во Малме со песната „Рамонда“.

Во меѓувреме Јелена Карлеуша се огласи и кажа што мисли за оваа пејачка. „Нај world music“ Теја Дора. Глас кој има етеричен звук и ги пробива јазичните и културните бариери во музиката“, напиша Јелена на Инстаграм, пренесува „Курир.рс“.

Од друга страна, креативниот директор и продуцент на Јелена Зоран Бирташевиќ на социјалната мрежа „Х“ истакна дека Теја Дора го копирала настапот на Карлеуша кога, седејќи на голема карпа, ја изведе баладата „Ја“.

„Meanwhile креативниот директор Рамонда ја откри, но нема врска, да сме живи“ напиша тој, а коментарите само продолжија да доаѓаат.

„Зоран Бирташевиќ го измисли каменот“, „ Пак ја копираа Карлеуша“, „Да, како филозофија да е да се смисли карпа на сцената“, се дел од коментарите.

Фото: printskrin/instagram/X/YouTube

, , , , ,


Comments are closed.