Радио Милева
земјотрес

Сцената се тресеше од мешањето на Теа Таировиќ на ромскиот бал во Скопје – присутните гледаа без да трепнат (видео)

Сцената се тресеше од мешањето на Теа Таировиќ на ромскиот бал во Скопје – присутните гледаа без да трепнат (видео)

Синот на покојниот Амди Бајрам, Габрил Бајрам, во четвртокот го организираше 44-от Светски ромски бал кој помина спекталуларно во скопскиот хотел „Александар плас“.

За тоа да биде така придонесоа главните ѕвезди на вечерта, Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ. Прва на сцената пред многуте гости од земјата и странство беше Теа која со своите хитови ги стана сите на нозе, а никој не остана рамнодушен на нејзиното „елекстрично“ мешање со колковите кое сакаа сите да го гледаат што поблизу.

Теа ја запали сцената, па речиси секој сакаше со видео да го овековечи моментот, па да го има за репризно гледање и плакнење очи.

По првиот блок Теа ја најави Цеца Ражнатовиќ во чиј настап кажа дека сака да гледа и ужива, а подоцна таа повторно се врати на сцената за да го заврши земјотресот кој го започна.

Воодушевени имаше доста, а за да се испочитува дамата гостинка, на сцената и подарија бели рози.

видео/фото:Kurir.mk/ privatna arhiva

Останати вести од Радио Милева