Радио Милева
обожава утрински секс

Самиот си кажа дека го има најмалиот полов орган на светот: Тој е сон на многу жени, се откажа од милионите на татко му и живее по свој терк (фото+видео)

Самиот си кажа дека го има најмалиот полов орган на светот: Тој е сон на многу жени, се откажа од милионите на татко му и живее по свој терк (фото+видео)

Тој е еден од најголемите заводници на светската сцена. Велат дека има совршено лице, вечно „бејби фејс“, но дека е и многу мажествено и згодно тело како што може да се посака. Тоа го велат неговите многубројни обожаватели, а тој изгледа како млад човек на прагот од 49 години (на 8 мај полни 49 години). Тој е донекаде нетипичен заводник бидејќи е во брак 13 години. Одвреме-навреме шокира со преблиски средби со обожавателите, но се останува на тоа – дел од работата.

Енрике Иглесијас синоќа најави нова песна, дует со Миранда Ламберт, која јавноста ќе може да ја слушне на 22 февруари, а која ќе се најде на неговиот нов и, како што рече, последен албум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias)

Фановите се надеваат дека Енрике Иглесијас, кој минатата година интензивно настапуваше и ја шокираше јавноста, ќе ја промени својата одлука и дека по овогодинешниот албум ќе следат уште многу негови песни.

Енике ја започна својата кариера во тајност, криејќи ја од својот познат татко, Хулио Иглесијас, одлуката дека сака да се занимава со музика. Поради оваа причина, тој прво му се претстави на светот како Енрике Мартинез, користејќи го презимето на неговиот менаџер Фернан Мартинез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias)

Кога дошол вистинскиот момент, тој пеел под своето вистинско име и со текот на времето успеал да излезе од сенката на својот татко. Енрике зад себе има импресивна листа на хитови и титулата секс симбол. И покрај второто, тој во една прилика не се двоумеше да каже дека го има најмалиот пенис на светот. Сигурно можеше да претпостави дека овој детал често ќе се поврзува со неговото име.

Енрике е познат по својот повеќе од срдечен пристап кон публиката, како и по тоа што долго време максимално во тајност го чуваше приватниот живот, особено врската со тениската ѕвезда Ана Курникова.

Парот има три деца, а веста за раѓањето на децата беше објавена како големо изненадување, бидејќи Ана се обиде да ја сокрие бременоста од јавноста. Тие долго време се придржуваа до правилото да не објавуваат слики од наследникот, а двајцата беа исклучително ретко видени заедно долги години, од 2002 година, колку што трае нивната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias)

Интересно е што исклучително ретките заеднички појавувања следеа и интервјуа во кои тој потенцираше дека секојдневно има интимни односи со сопругата, како и дека најмногу ужива во утринскиот секс.

За љубовта со Курникова рече дека имале подеми и падови, но дека долгата љубовна историја доволно говори.

Енрике, чија мајка е многу позната во Шпанија, беше и е во голема мера мистерија за јавноста. Толку долго не се знаеше дека со години не се слушнал со својот татко, како и дека меѓу нив има жестоко ривалство, а конкуренција владеела и меѓу нивните уметнички друштва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias)

“Неговиот однос со татко му никогаш не бил најдобар, поминале години без тие двајца да разговараат, дури ни на телефон. Енрике мисли дека кариерата ја направил без негова помош”, рекол извор близок до пејачот за шпанскиот весник “Марка”.

Како резултат на таквиот однос, Енрике Иглесијас се откажа од наследството што би му припаднало како едно од осумте деца на славниот Хулио. Бидејќи тоа богатство се проценува на 800 милиони евра, познатиот пејач би добил осум, односно 100 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias)

„Ел Национал“ пишува дека Енрике стекнал големо богатство заедно со сопругата, поранешната тенисерка Ана Курникова, главно во странство.

А Хуилио Иглесијас заработи милиони не само со музика, туку и со бројни инвестиции во Доминиканската Република. Поседува и вили во Мајами, остров на Бахамите, куќа на Марбела, приватен авион вреден 45 милиони евра, бренд на алкохолни пијалоци, винарска визба, ресторани, автомобили, акции во козметички компании.

Покрај синот Енрике со поранешната сопруга Изабел Преизер, Хулио Иглесијас доби уште еден син и ќерка, а со сегашната сопруга има пет деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias)

Кога станува збор за помладиот Иглесијас, важно е да се каже дека неговата песна „Can You Hear Me?“ беше официјална песна на Европското фудбалско првенство во 2008 година, а интересно е што една година живеел во Белград.
Мајката на пејачот Изабел се преселила со децата од Мадрид во Белград откако терористичката организација ЕТА го киднапирала дедото на Енрике, доктор Хулио Иглесијас Пуга.

фото: Instagram printscreen/ enriqueiglesias

Останати вести од Радио Милева